Кинескиот автомобилски гигант Geely почнува со производство на сателити

Кинескиот производител на автомобили Geely во понеделникот објави дека започнува со масовно производство на комерцијални сателити кои треба да им овозможат на идните возила брз пренос на податоци, прецизна навигација и услуги за пресметување на облак…

Првите сателити веќе излегоа од фабриката во Таижоу (Taizhoou), a ги разви Geespace, подружница на Geely Technology Group основана во 2018 година за развој, лансирање и управување со сателити.

„Брзите промени во воздушната вселенска индустрија и интеграцијата на новите комуникациски технологии во различни сектори, како што се сателитски интернет, автономно возење и пресметување во облаци (cloud), покажуваат дека комерцијалната употреба на орбитата и вселенскиот простор има иднина“, изјави извршниот директор на Geely Technology Group, Ксу Зихао (Xu Zhihao).

Geely ќе користи сателити за да им обезбеди на идните возила брз трансфер на податоци, точна навигација и капацитет за облак (cloud) компјутерски услуги, велат тие.

Кинеската компанија е сопственик на шведскиот Volvo Cars, а исто така има 9,7 проценти од акциите во германскиот производител на луксузни автомобили Daimler.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постојан развој: Зголемен опсег за Opel Corsa -e и Mokka-e

Доделени првите енергетски ознаки за електричните автомобили

DS3 Crossback E-Tense ја зголеми автономијата со едно полнење на батериите

Револуционерно автомобилско седиште за деца!

Стратегијата 2.0-IONITY го забрзува ширењето на мрежата брзи полначи за EV

Renault иTheArsenale го претставуваат AIR4 –Таму каде одиме не ни требаат патишта

Новиот Peugeot e-208 и Peugeot e-2008

Audi Q8 E-Tron ќе се прави во Белгија

Carlex Jaguar XJ Coupe рестомод