Кинескиот Harley добива две верзии

Harley-Davidson првпат го објави своето партнерство со кинеската компанија Qianjiang уште во 2019 година, како дел од планот да ја прошири својата понуда на мотоцикли со помал капацитет…

Тогаш „малиот“ Harley го доби името 338R, што дополнително беше потврдено со подоцнежна фотографија која го откри страничниот профил на мотоциклот. Сепак, најновото регулаторно одобрение поднесено во Кина открива дека два мотоцикли се одобрени за продажба. Нивните имиња се X350 и X500.

Заедно со споменатиот документ има и две фотографии на кои се прикажани овие машини. Како прво, X350 (на корицата) изгледа идентично со раните скици што Harley Davidson ги прикажа во 2019 година. Според достапните информации, претстојниот X350 ќе ги дели повеќето од неговите компоненти со моделите QJMotor SRK350 и Benelli 302S, вклучувајќи го и истиот паралелен мотор од 353 кубика.

Дополнително, документот откри дека X350 испорачува 36 КС, но тежи 195 килограми, што го прави прилично тежок мотоцикл. Дополнително, X350 е опремен со истите гуми како и 302S, 120/70-17 напред и 160/60-17 назад. Во меѓувреме, X500  ја дели истата рамка и мотор како Benelli Leoncino 500, со достапни 47 КС и максимална тежина од 206 килограми.

И покрај тоа што е опремен со истите предни и задни тркала како X350, поголемиот вмотоцикл има клешти и поголем диск за сопирачки сличен на оној на Leoncino 500. Двата нови мотоцикли ќе бидат произведени од Zhejiang Jisheng Motor Vehicle Co. Ltd, заедничко вложување основано од Harley-Davidson и Qianjiang во Кина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Wolverine XS 800 необичен крузер со впечатливо широки задни гуми!

Praga го преставува ексклузивниот ZS 800

Ducati DesertX добива turn-by-turn навигација

Прастар мотоцикл Harley-Davidson од 1908 година е продаден за 860.000 евра

Husqvarna Norden 901 Expedition пристигнува оваа година

Првиот Suzuki на струја и на две тркала пристига во 2024

Произведени еден милион КТМ мотоцикли

Ducati почна со производство не електричен мотоцикл

Harley-Davidson во целост преминува на струја