Кинеските брендови „спас“ за пазарот на евтини автомобили во Европа

Пазарот на евтини автомобили во Европа е под закана на исчезнување, поради ескалација на цените, берзанска криза, транзиција кон електрична мобилност… Сепак, влегувањето на кинеските брендови на сцената ја отвора вратата за промена на парадигмата во европскиот автомобилски сектор…

Ова не се лесни времиња за купување евтин автомобил во Европа. Автомобилскиот сектор се соочува со бројни предизвици. Некои предизвици кои, на еден или друг начин, завршуваат со директно влијание врз крајниот клиент. Ескалацијата на цените не само што влијае на новите автомобили, туку предизвикува хаос на пазарот на половни автомобили.

„Совршената бура“ е пред нас. Евтините автомобили се изложени на ризик. Не е доволно само да се соочиме со незапирливиот раст на цените. Потребно е и справување со ситуацијата која предизвикува глобален недостиг на полуп роводници и микрочипови. Некои компоненти кои, да ве потсетиме, се неопходни за производство на возила.

Сега се појавуваат кинески марки на автомобили. Во моментов на територијата на Европа веќе работат неколку компании од азиските земји. DFSK, Aiways, Lynk & Co и Maxus се некои од нив. Во поразвиените европски земји, кинеските автомобили се широко понудени. Кризата што ја доживува овој дел од светот е фантастична можност овие компании да се етаблираат на конкурентниот европски пазар на патнички автомобили.

Неодамна се зборуваше за тоа како кинеските брендови ќе доминираат во одржливата мобилност со нивните електрични автомобили. Сепак, никој не очекуваше дека ќе се фокусираат и на евтините автомобили. Овие модели произведени во Кина не само што можат да се пофалат со прифатлива продажна цена, туку се издвојуваат и по нивната опрема и карактеристики.

Пред само неколку години, ќе беше незамисливо да се зборува за реалната можност кинеските марки директно да се натпреваруваат со Skoda или Dacia за доминација на пазарот на евтини автомобили.

Во моментов имаме неколку примери на евтини автомобили произведени во Кина кои веќе можат да се купат во ЕУ. Еден од најинтересните примери е MG ZS. Овој SUV од легендарната компанија Morris Garage (сега под покровителство на SAIC) е сличен по големина на SEAT Ateca, но има цена како Dacia Sandero.

Долг е 4,32 метри, а багажникот има волумен од 448 литри. Во ZS можат да патуваат до пет возрасни патници. Палетата е структурирана во две нивоа на опрема, Comfort и Luxury. Достапни се и неколку термички опции, иако сите се бензински и со погон на предните тркала.

Што се однесува до продажната цена на MG ZS, тој е достапен од 15.950 евра. Бројка која може да се намали на 12.950 евра доколку се искористи некоја од промотивните понуди. На нашиот пазар Dacia Logan седан со ниво на опрема  Essential, со бензински мотор со три цилиндри, со моќ од 66 КС се продава за 12.750 евра, или пак повеќе дарежливиот  Fiat Tipo што чини нешто повеќе од 14 илјади евра со атмосферски бензински мотор од почетокот на овој век, но со четири цилиндри.

Неопходно е да се промени менталитетот на европскиот граѓанин за на крајот кинеските автомобилски марки да го освојат Стариот континент. Без сомнение, тоа е застрашувачка задача, но не и невозможна. Во минатото, јужнокорејските фирми Hyundai и KIA веќе го постигнаа тоа, нудејќи многу спартански автомобили во првата фаза, но со доволна сигурност и, пред сè, по атрактивна продажна цена.

Примери се мобилни телефони, дигитални камери и сите видови паметни уреди. Кинеските компании одамна станаа главни играчи. Xiaomi и Huawei се референци. И патем, да додадеме дека Xiaomi одлучи да влезе на пазарот на електрични автомобили.

Главниот предизвик со кој треба да се справат овие нови брендови кои се стремат кон Европа е идејата дека кинеските автомобили се евтини копии со мала доверливост. Азискиот гигант се разбуди одамна и компаниите како Dongfeng, BYD или SAIC го имаат целиот потенцијал да им конкурираат на историските производители.

Ова се турбулентни времиња за купување автомобили (нови или користени). И уште повеќе за сегментот на евтини автомобили. Затоа, без разлика дали некому му се допаѓа или не, ако традиционалните компании продолжат со нивната конкретна ескалација на цените, извонредна вест е дека компаниите од далечната Кина се посветени да го окупираат просторот што традиционалните брендови го ослободуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tata е чекор поблиску до отворање фабрика за батерии за електронски возила во Велика Британија

Ford Transit 2024 година

Lada има најстарa понуда, а кинескиот Zeekr најмлада

McLaren има приоритет на профитабилноста пред електричните автомобили

Renault стана втор најпродаван бренд во Европа

Низ Минхен ќе возат автономните возила на Volkswagen

BYD Dolphin: Кинез кој може да ги збуни Европејците

Haval H6 затегнување на брчките

Во Германија запалени десет автомобили на Теslа,