Кинезите за 2023 ветуваат електричен автомобил со досег од 1000 км

Веќе го прифативме, како неминовност, фактот дека Кина има огромна предност во истражувањето и производството на батерии за електрични возила…

Така, сите клучни вести за оваа технологија доаѓаат од најнаселената земја во светот.

Сега производителот на батерии CATL најави дека новиот електричен автомобил Zeekr 001 (Geely group) ќе биде опремен со Qilin батерија, која ќе му овозможи домет до 1000 километри.

Автомобилот ќе се појави на пазарот следната година. Како CATL постигна зголемување на опсегот?

Пред се, треба да се рече дека станува збор за гигант кој држи 35 отсто од пазарот на батерии во светот, а потоа може да си дозволи опсежни истражувања.

Производителот тврди дека постигнал енергетска густина од 255 Wh/kg, што би требало да биде за 13% подобро од новите ќелии што Panasonic и ги доставува на Tesla.

Покрај заштедата на простор со поголема енергетска густина, променет е и системот за ладење кој овозможува полнење од 10 до 80% за 10 минути, пишуваaт специјализираните портали.

Zeekr е најновиот премиум бренд на кинеската групација Geely. Се заснова на модуларната платформа SEA на Geely – ова е архитектурата што ја користат Volvo, Polestar и Smart (кои се во сопственост на Geely и Mercedes).

Сите овие брендови се очекува наскоро да ги добијат новите батерии на CATL.

CATL е снабдувач и за други брендови во Европа, па се очекува до крајот на 2023 година да добиеме барем еден европски електричен автомобил со нови батерии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi планира да ги рециклира оштетените прозорци во нови во серијата Q4 e-tron

Нова Opel Astra Electric

Tesla Semi целосно натоварен сп еднополнење минал 800 км!

Низ сообраќајниците во Сеул почнале да сообраќаат автономни автобуси

Jeep Renegade станува потполно електричен во Европа

Ford и Volkswagen ги затвораат одделите за автономно возење

Alfa Romeo Giulia и Stelvio прескокнуваат хибридизација и директно одат на електрични наследници

Hyundai IONIQ 6 First Edition во серија од само 2.500 примероци

Audi патентира систем за автоматско гаснење на пожар во електричен автомобил