Книгата за брендот Bentley поскапа од автомобил на оваа марка!

Во Bentley за својот 100-ти роденден подготвија и супер луксузна книга за историјата на оваа компанија што ќе биде печатена во мал тираж, а во најексклузивната варијанта ќе биде украсена со скапоцени камења и дијаманти…

Легендарниот производител на луксузни автомобили од Велика Британија, годинава, одбележува значаен јубилеј, еден век постоење, a освен ексклузивни серии, јубилејни, на поедини негови модели, Bentley за колекционерите и сопствениците на возила од оваа марка подготви уште едно изненадување.

Станува збор за специјална книга со повеќе од 800 страници, што тежи дури 30 kg, што ги „покрива“ првите 100 години од постоењето на Компанијата. Вљубениците  во Bentley тука ќе пронајдат се за автомобилите и за луѓето кои го одбележале овој век од постоењето на луксузниот автомобилски бренд.

А во понудата, за колекционерите, но и за поклониците на марката ќе се најдат три верзии од оваа јубилејна книга и тоа во строго лимитирани тиражи, што само ја зголемува нејзината ексклузивност.

Така – Centenary Edition ќе биде отпечатен во само  500 примероци, a купувачите ќе можат да избираат помеѓу четирите достапни бои на кориците, изработени од истата кожа што се користи во ентериерот на Bentley автомобилите.

Уште поексклузивната верзија е именувана како Mulliner Edition, со оглед на фактот дека ќе биде отпечатена во само 100 примероци.

Таа варијанта на книгата ќе може да се нарача во една од 17-те нијанси од луксузната кожа, a ќе биде спакувана во луксузна кутија изработена од алуминиум од кој во Bentley изработуваат делови за нивните мотори.

Посебен куриозитет е тоа што делови од внатрешноста на оваа книга се обложени со гума од пневматиците вградувани во моделите Bentley Speed 8, победникот на легендарната трка Ле ман во 2003-та година.

За купувачите на ова издание обезбедена е бесплатна тура низ фабриката во која се произведуваат автомобилите на Bentley.

На првата страница на секоја книга од изданијата Centenary Edition и Mulliner Edition ќе бидат отпечатени фотографии на купувачите со нивните Bentley ( се подразбира дека оваа книга ќе можат да ја купат само сопствениците на автомобилите на овој престижен бренд) и основните информации за сопственикот, со тоа практично секој примерок на книгата ќе биде уникатен.

На крајот, Bentley  предвидел и ултра луксузна варијанта на книгата што ќе биде отпечатена во само седум примероци.

Тоа издание е наречено – Carat Edition и ќе биде украсено со дијаманти и затоа воопшто не изненадува цената од дури 260.000 американски долари , што, патем речено, е дури и повеќе од цената на некои модели од тој британски производител на автомобили!.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Rivan со кујни на извлекување како дополнителна опрема!

Citroën Born Paris XV, 100 автомобилски икони за прослава на 100 роденден на брендот

Новиот Mercedes-AMG One вреди четири милиони долари!

Ново продолжение на посетата на фабриката Rimac Automobili!

Од Ливерпул на финалето на лига на шампиони во Мадрид со Škoda Favorit

Најавено годишно производство од 10.000 примероци на Tesla Roadster

Електричниот Lotus Type 130 себитира на 16 јули годинава

Škoda Mountiaq – креација на фантазијата на младите дизајнери од Чешка

Почна одбројување до премиера Bentley Flying Spur, лимузина со спортски DNK!