За правилно да ја прослави својата 20-годишнина, шведскиот Koenigsegg ја реализира модерната визија на својот прв сериски автомобил, CC8S, како исклучително моќна и модерна визија за она што го нарекува „крајниот автомобил на возачот“ наречен CC850…
Како што истакнува, тоа е повеќе оддавање почит на тој автомобил отколку рекреација или „рестомод“, бидејќи е механички поблиску до поновите модели Jesko, Gemer и Reger на Koenigsegg и ги комбинира дизајнерските елементи од CC8S со елементи преземени од тие понови модели.
Очигледни карактеристики преземени од пионерскиот „мега автомобил“ од 2002 година ги вклучуваат заштитниот знак на Koenigsegg кружните задни светла, тркалата и системот за отварање на вратите – Synchrohelix.
Ентериерот е сличен конципиран, усвојувајќи минималистичка естетика моделирана по најраните автомобили на Koenigsegg, со аналогна група инструменти зад воланот и богатство од изложени јаглеродни влакна.
CC850 на располагање ги има сите 1366 КС и 1384 Nm максимален вртежен момент, колку што е и верзијата на најновиот бензински twin-турбо мотор с работен волумен од 5.0 литри со осум вилиндри поставени во форма на латинската буква V.
При тоа мора да се наведе и податокот дека истиот овој мотор може да работи на синтетички горива, каде црвената линија е поставена на 8.500 вртежи во минута, а брендот ветува дека „аудитивните сензации се навистина неспоредливи“.
Изграден околу монокок од јаглеродни влакна, со панели од јаглеродни влакна/Кевлар и алуминиумски резервоари за гориво, CC850 тежи само 1385 килограми.
Тоа би требало да биде еден од најбрзите сериски автомобили со внатрешно согорување, иако Koenigsegg допрва треба да открие детали за перформансите.
Koenigsegg вели дека CC850 „не е создаден за да ги собори рекордите на патеката или максималната брзина на Jesko, туку да биде таму во однос на перформансите и да понуди највисоко ниво на задоволство и уживање на возачот“.
Годишнината на компанијата се совпаѓа во исто време со 50-тиот роденден на основачот Кристијан фон Коенигсег (Christian von Koenigsegg), така што ќе бидат произведени само 50 примероци.
Компанијата допрва треба да го потврди датумот на лансирање, а цената засега е непозната.