Хипер автобилите не мируваат и без прекин се натпреваруваат во поставување на нови брзински рекорди на ред е „спринтот“ на Koenigsegg Regera од место до 400 km/h
Имено, Koenigsegg Regera постави нов рекорд за забрзување од 0-400 km/h со постигнување од 31,49 секунди.
Рекордот е поставен на 23 септемрви тековната 2019 година на аеродром во Шведска.
Зад управувачот на огнената Regera при постигнувањето на рекордот седел фабричкиот возач Сони Персон.
Бидејќи сликите и видео записите говорат повеќе од 1.000 зборови погледнете го видеото и уживајте во возбудата!