Кои автомобили најчесто се расипуваат, дизел, бензински, хибридни, plug-in хибриди

Британски портал Which? кој ги следи сите видови на информации за потрошувачите и спроведува истражување, објави интересна приказна за квалитетот на различните типови автомобили.

Кои автомобили се најсигурни и кои најмногу се расипуваат – хибриди, бензинци, дизели или plug-in хибриди?

Which ? собрал информации од дури 55.000 возачи, сопственици на автомобили и дошол до информација дека само на 3 проценти од сопственици хибридни автомобили во минатата година (2019 година) им била потребна помош од механичар заради дефект.

Тоа ги катапултира хибридите (бензински и електричен мотор) до врвот како автомобили со највисок квалитет.

Каква е состојбата со другите?

Шест проценти од возачите на бензински автомобили се пожалиле на механичарите за дефект, или 10 проценти од возачите на дизел и електричен автомобил и дури 16 проценти од plug-in хибридни приклучоци.

Како да се објасни победата на хибридите кои на прв поглед изгледаат покомплексни отколку (само) моделите на бензин?

Има бензинец, електричен мотор и батерија! Како и да е, од друга страна, хибридите имаат и многу поедноставна конфигурација со непрекинати менувачи (CVT) со кои нема спојки, односно овој менувач не одделува брзини, што е рецепт за помалку неуспеси.

Исто така, вклучувањето на електричниот мотор и возењето само на електрична енергија го намалува товарот врз бензинскиот мотор.

Најсложените делови на хибридот се инверторот (конвертор на струја од DC батерии во мотор со струја) и, се разбира, софтверот што осигурува дека сите делови функционираат како швајцарски часовник.

Можеби разликата во споредба со најновите plug -in хибриди е во фактот дека Toyota и Honda веќе со години произведуваат хибриди и имаат искуство и знаење, како и квалитет

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради конструкциска грешка отпаѓаат делови од Tesla Model 3!

Есенско возење – подгответе се за сезоната на дождови

Миење на моторот може да донесе повеќе штета одошто корист

Peugeot 108 и Citroen C1 веќе не се произведуваат

Добро е да го вклучите клима уредот и во есен и во зима

Производители на гуми што подобро да не се ваш избор

Total ја купува најголемата мрежа електрични полначи во Лондон!

Совет : По долгото возење со високо оптоварување не гаснете го веднаш моторот!

Ако еден автомобил го користат повеќе возачи задолжително дезинфицирајте го!