Кои половни автомобили се најдоверливи- по класи

Податоците на Auto Trader, британска компанија за рекламирање автомобили, покажуваат неверојатно зголемување на вредноста на користените автомобили во последните 12 месеци…

Со оглед на тоа што цените на половни автомобили низ Европа моментално се повисоки од кога било, поважно е од кога било да купите користен автомобил на кој можете да сметате. Коментирајќи ја анкетата, Стив Хантингфорд (Steve Huntingford), уредникот на What Cara, наведува: „Цените на половните автомобили се зголемија поради зголемената побарувачка предизвикана од недостаток на чипови и полу – проводници, како други проблеми во производството, понудата и доставата на нови автомобили.

Имајќи предвид дека многу модели чинат една третина повеќе одошто чинеле само до пред една година, поважно е од кога било да е да го изберете моделот што е сигурен (доверлив) кој нема да ве доведе до постојана серија скапи сметки за поправка.

Затоа веруваме дека информациите што ги објави специјализираниот магазин What Car а што се поврзани ги податоците кои се однесуваат на резултатите од истражувањето за доверливоста на половните автомобили се  интересни.

Имено истите ви кажуваат на кои марки и модели можете да се потпрете без да наидете на проблеми што ќе ве чинат, пари, време и нерви. Станува збор за повратни информации на 16.327 возачи (сопственици) за доверливоста на нивните половни автомобили, пишуваат  светските агенции што ја пренесуваат информацијата.

Податоците за доверливост се однесуваат на автомобили стари меѓу шест и петнаесет години, а при тоа се опфатени вкупно 27 марки и 139 популарни модели на возила. И покрај нивната возраст, трите модели постигнаа совршена оценка за доверливост од 100 проценти. Станува збор за актуелната верзија на Ford Mondeo, Suzuki Vitara и претходната генерација на Nissan Leaf EV (во продажба од 2011 до 2018 година).

Vitara, исто така, ја предводеше победата на Suzuki во рангирањето на брендови, туркајќи ја на марката над брендовите Lexus и Toyota во однос на доверливоста, со вкупен рејтинг од 97 проценти.

Во 10-те најдобри брендови доминираат јапонските и корејските брендови, иако изненадувачки евтината Dacia се појави на деветтото место, што е едно место повеќе од Porsche. Во меѓувреме, ако барате SUV, малите SUV/ crossover се покажаа посигурни од големите, со просечна оценка за доверливост од 86,6 проценти, додека луксузните теренци собраа само 69,5 проценти.

Извештајот покажа дека четвртина од автомобилите на возраст од 6 до 15 години имале дефект.  Исто така, само 15 проценти од дефектите беа поправени бесплатно, додека огромното мнозинство на дефекти беа надвор од гарантниот рок на производителот. Најсигурните користени модели во секоја категорија се наведени подолу:

1) Електрични и хибридни автомобили (просечна оцена за доверливост: 92,2%)

Најсигурен модел: Nissan Leaf (2011 – 2018) – 100%

2) Мали SUV модели  (просечна оцена за доверливост: 86,6%)

Најсигурен модел: Suzuki Vitara (2015 – денес) – 100%

3) Мали компактни автомобили (просечен рејтинг на доверливост: 84,4%)

Најсигурен модел: Toyota Yaris (2011 – 2020) – 98,5%

4) Семејни автомобили (просечна оцена за доверливост: 82,8%)

Најсигурен модел: Mazda 3 (2014 – 2019) – 99,1%

5) Седани/лимузини (просечен рејтинг на доверливост: 82,4%)

Најсигурен модел: Ford Mondeo (2014 – 2021) – 100%

6) Купе, кабриолет и спортски автомобили (просечен рејтинг на доверливост: 81,0%)

Најсигурен модел: Mazda MX-5 (2015 – денес) – 95,5%

7) Големи SUV модели (просечна оцена за доверливост: 80,2%)

Најсигурен модел: Honda CR-V (2006 – 2012) – 95,8%

8) Семејни теренци (просечна оцена за доверливост: 78,3%)

Најсигурен модел: BMW X1 (2015 – денес) – 97,8%

9) Луксузни автомобили (просечен рејтинг на доверливост: 75,5%)

Најсигурен модел: BMW Series 5 (2010 – 2017) – 89,8%

10) Луксузни SUV модели (просечна оцена за доверливост: 69,5%)

Најсигурен модел: Porsche Macan (2014 – денес) – 88,1%

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои половни автомобили се најпопуларни на Стариот континент

Салонот во Детроит во Септември, а во Париз во Октомври годинава

Honda Civic Автомобил на годината во Северна Америка за 2022

Од 2030 година Mercedes нема да нуди каравани

SsangYong доби нов сопственик

Peugeot и дефинитивно се откажува од враќање на пазарот во САД

Непрофитабилните марки во Stellantis немаат светла иднина!

И Bentley со рекордна година

Во минатата 2021 повторно е урнат рекордот во продажба на SUV возила