Во земји како Германија или Австрија, половните автомобили се поскапи месец за месец од кога било досега, а овој процес како верига се проширува и на другите пазари, вклучувајќи го и нашиот…
Намаленото производство на нови автомобили и промените на интересот на граѓаните за време на пандемијата на корона вирусот, кои почнаа да се фокусираат на патничките возила и занемарување на јавниот превоз, влијаеше и на растот на цените на половните возила. Во случајот на особено популарните модели, цените пораснале за дури 20 до 30 проценти – додека истовремено е намалена понудата – пишува германски Focus.
Исто така и Autoscout24, една од најголемите онлајн берзи за користени автомобили во Европа, забележа пораст на цената од осум отсто низ цела Европа минатата година. Во исто време, понудата е намалена за единаесет проценти. Volkswagen Golf остана најпопуларниот користен автомобил во Европа во 2021 година, пишуваат специјализираните портали.
Што се однесува до Германија, цените на половните автомобили се зголемени за 21 отсто во однос на претходната година. Двоцифрениот раст на цените е карактеристичен и за многу земји во Европа. Во Германија просечно користен автомобил чини 21.910 евра, а ако се погледнат големите европски земји во Италија, најниската цена е 17.816 евра.
Што се однесува до брендовите, најпопуларни се Volkswagen, а потоа Mercedes, BMW и Audi. По Golf, најпопуларни користени автомобили се Audi A4 и A3 и VW Polo и Audi A6.
Според студијата на Autoscout, 35 отсто од купувачите на автомобили размислуваат да купат користен електричен модел. И покрај лошите резултати на најновиот краш тест на Euro NCAP, Renault Zoe е најпопуларниот електричен автомобил поради неговата просечна цена од 16.400 евра. Model 3 на Tesla е на второто место, а Model S на третото место.