Која автомобил најчесто се појавува во филмовите

Порталот Carwow пребаруваше во светските бази на филмови за автомобилот што најмногу се појавува во филмовите…

Победникот, според луѓето од порталот е очигледен, но тешко е да се погоди.

Во многу големи кино хитови, автомобилот ја игра главната или споредната улога.

Кои модели најчесто се користат?

Анализата на базите на податоци за филмови на IMDB и IMCDB покажува дека победник е донекаде неугледниот американски модел Ford Crown Victoria, пишуваат специјализираните портали.

Ford е и брендот кој најчесто се појавува на филмското платно. Дури 10.363 примероци беа прикажани во играни филмови – повеќе од која било друга марка на автомобили.

Ford Crown Victoria се појави на екранот вкупно 1019 пати.

Причината?

Верзијата на овој Ford беше најчесто користениот модел на полициски автомобил во САД помеѓу 1997 и 2013 година.

На второ место е брендот Chevrolet, а потоа следат Mercedes-Benz, Fiat, Volkswagen, Toyota, Dodge, BMW, Cadillac и Jeep.

Од германските автомобили, Mercedes  S Class е најзастапена во филмовите и се споменува 758 пати во базите на податоци.

На второ место следи Series 5 на BMW со 650 филмски појавувања, а на третото е BMW Series 3 со 642 настапи во светските филмски продукции.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тркачки Ford Ranger Raptor за Baja 1000

BeyonCa GT Opus 1

Уникатен Rolls-Royce Hyperion Pininfarina

Практична конверзија во електричен велосипед за 30 секунди

Произведен 400от Bugatti Chiron

Hennessey Venom 1200 Mustang GT500

Toyota GR Supra GT4 EVO

Ferrari Vision Gran Turismo Concept

Bentley Continental GT Convertible Mulliner Riviera