Колективна акција против  VW за обештетување милиони Европејци погодени од Dieselgate

Како што пренесуваат информативните агенции фондацијата Diesel Emissions Justice (DEJF) од Холандија, иницирала колективна акција против Volkswagen во рамки на европската кампања со цел да се добие обештетување за неколку милиони возачи по скандалот со мамењето за емисијата на издувните гасови кај дизел моторите на овој производител на автомобили…

Фондацијата има поддршка од неколку илјади лица кои ќе учествуваат во акциите во Белгија и Холандија, a се предвидува дека истата ќе се прошири и по други земји, меѓу кои е и Франција.

„Volkswagen ја признал вината и би требало да ги обештети потрошувачите. Тоа е сторено во САД, каде е исплатена сима повисока од 25 милијарди евра за 450.000 продадени возила“, наведуваат од Фондацијата .

Volkswagen во Канада треба да уплати обештетување од 135 милиони евра. Компанијата платила дел од обештетувањето и во Холандија, Германија и Италија, но не и во Франција.

Според податоците што ги презентира Фондацијата околу 8,5 милиони лица се оштетени во Европа, од кои еден милион само во Франција, кои се уште не добиле ништо за обештетување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонска премиера на Volkswagen Golf 8

Се планира и спортски Volkswagen ID.

Nissan switch сервис: Секој ден возиш друг автомобил!

Polestar Precept concept пристигнува во Женева 2020

Aiways U6ion concept во Женева

Bentley Continental GT Cabrio by Mulliner врв на луксуз со отворен покрив!

Renault Morphoz concept автономна електрична иднината на  Французите

На Palexpo 2020 и Dacia со концепт на струја!

Над половина милион нарачки за електричниот pick-up на Tesla