Колички за бебиња со ознака Mercedes AMG!

Mercedes-Benz многу добро знае дека лојалноста кон брендот се стекнува со текот на годините, па затоа ги негува своите идни клиенти буквално од рана возрас…

Новата линиија на детски (бебешки) колички ја крева летвичката на супер спортско ниво.

Пред две години, Mercedes се здружи со производителот на колички Haratan за да создаде цела линија на производи.

Сега брендот од Штутгарт ја крена границата скала погоре и одлучи дека бебињата имаат потреба од супер спортски превоз па ја понудија линијата колички AMG за тековната и следната година.

Количките AMG во основа се детална обработка на претходниот модел и ќе бидат достапни во две верзии. Тие имаат големи тркала со оригинален дизајн идентични со 20-инчните што одат сој моделите на автомобили AMG, имаат многу способна суспензија, сопирачка за паркирање, сигурносен појас фиксиран во од пет точки и дополнително обложување на рамото за максимална удобност. Рачката може да се префрли, па бебето патник може да ги набљудува своите родители и да го гледа светот пред него, но исто така да се лула кога потпирачот ќе се спушти претварајќи ја во лежалка.

AMG количките лесно ќе се вклопуваат  во багажникот бидејќи конструкцијата е компактна со големина 69X58,5X21 cm. Како и кај автомобилите, количката AMG доаѓа со придружна опрема, торби, навлаки простирки и сè друго, во препознатливи бои на AMG – црна и графитна.

Две верзии на количката AMG ќе се приклучат на веќе постоечката линија Avantgarde, а останува фактот дека тие се многу лесни.

Алуминиумската конструкција тежи 8,9 килограми, додека самото седиште тежи 4,1 килограми. И остануваат уште два факти – „патникот“ нема да може да ги пренесе своите впечатоци, па дури и да ја дознае цената на неговиот супер спортски превоз, веројатно ќе плаче ако ја дознае..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ford Focus RS RX на Кен Блок продаден за 200.000 долари

Вака би можел да изгледа новиот Volkswagen Corrado и ни се допаѓа!

Нај-непристојни се возачите на BMW

Шведска станува вселенска сила- најавува лансирање на сателити

И Ferrari отповикува автомобили!

Најскапа гаража во светот

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Dacia Duster Pick- up!

Скејборд голем колку лаптоп и на струја доаѓа од Јапонија