Колку би чинела новата електрична Fiat Panda од Крагуевац

Со оглед на тоа дека знаеме на која класа ќе припаѓа новиот модел на Fiat што ќе се произведува во Крагуевац, а се водиме и од најавите на челниците на групацијата Stellantis, лесно може да погодиме во кој ценовен опсег треба да се движи новата електрична Panda….

Сите знаеме дека електричните автомобили се екстремно скапи, односно чинат значително повеќе од сличните верзии кои работат на бензин или дизел. Затоа, електричните возила се недостижни за многумина бидејќи нај-прифатливите кои моментално се во продажба во Европа обично чинат од 20.000 евра па нагоре. Романската Dacia прва реши да го запре овој тренд со електричниот модел Spring, кој важи за најевтиниот електричен автомобил во Европа. На пример, во Романија субвенцијата за ЕV е 10.400 евра, така што Dacia Spring  може да се купи за само 7.700 евра, додека во Франција е околу 12.000 евра.

Сепак, Fiat најави и дека ќе понуди електрична Panda, која исто така треба да биде мал градски автомобил по добра цена, пишуваат порталите од соседна Србија.

Електричната Panda ќе биде во А-сегментот и секако ќе биде поевтина во споредба со моментално најприфатливиот електро-мобил Fiat – 500e, кој чини над 20.000 евра.

Ако се знае дека Volkswagen е вклучен во играта со најавата за новиот ID.Life (ID.2) кој ќе чини помалку од 20.000 евра, како и Renault со новиот R5 со слична вредност, не е тешко да се претпостави дека Fiat Panda на струја со цена треба да биде поблиску до Dacia Spring.

Впрочем, Stellantis немаше порано да излезе со официјални најави дека подготвува еден од нај-прифатливите (ценовно) електрични автомобили во Европа доколку не планираше да ја „загрози“ Dacia.

Затоа за Европа тоа би значело дека можеби ќе добијат градски модел за струја за околу 12.000 евра, а за соседна Србија доколку има субвенција се очекува цената да биде пониска.

Исто така, најавена е и хибридна верзија на Panda која дефинитивно би требало да биде подостапна од електричната.

Сепак, не можеме да ја знаеме точната цена до премиерата на новиот модел што ќе се произведува во Крагуевац од 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Renault го предава својот имот во Москва на Русите кои таму ќе произведуваат Moskvich

Прв држава со регистерска табличка налепница

Електричниот Fisker Pear на нови слики

Mobilize Duo како наследник на Renaulta Twizy

Bentley  бара промена на лимитите за В категорија (возачка)

Toyota Land Cruiser eден од „најдолговечните“ модели на пазарор распродаден за две години однапред

Mercedes најави ексклузивен бренд Mithos

Pagani C10 дебитира на 12 септември

Ferrari го стави Џастин Бибер на „Црна листа“