Колку чини новата S Class на домицилниот пазар

Германскиот премиум производител ги објави цените на својата најлуксузна лимузина…

На почетокот на септември Мерцедес ја претстави новата генерација на S Class, а сега се познати и цените на овој автомобил на домицилниот – германски пазар.

Тие кои можат да си дозволат задоволство да поседуваат еден ваков автомобил, ќе треба да платат најмалку 93.438 евра, што е цена за основниот модел S350d со 2,9-литарски дизел агрегат.

Оваа верзија на новата S-Class има 286 КС (210 kW) и 600 Nm, а од 0-100 km / h забрзува за 6,4 секунди.

Доколку купувачот се одлучи за варијантата со продолжено меѓуоскино растојание, ќе мора да плати 96.094 евра.

Mercedes S350d 4Matic со погон на сите четири тркала во Германија чини 97.150 евра, а помоќниот S400d 4Matic веќе ја надминува сумата од сто илјади евра (103.994 евра).

 

Mercedes S400d 4Matic под хаубата „крие“ мотор од 330 „коњски сили“ (243 kW) и 700 Nm, а забрзува од 0 до 100 км/ч за 5,4 секунди.

Следниот во понудата на палетата, бензински мотори е S450 4Matic и се продава само во варијанта со продолжено меѓуоскино растојание со почетна цена од 106.650 евра.

За погонот се задолжени 3.0 бензинци со 367 КС (270 kW) и 500 Nm, а забрзува од 0-100 км /ч за 5,1 s.

На врвот на гамата е S500 4Matic, исто така со трилитарски бензинец кој произведува 435 КС (320 kW) во ова возило и развива 520 Nm.

Автомобилот забрзува од место до 100 км/ч за само 4,9 секунди.

Тие кои ќе се одлучат за овој луксузен седан ќе треба да платат најмалку 115.130 евра, а доколку сакаат продолжена верзија, тоа ќе ги чини 117.786 евра.

Новата Mercedes S-Class пристигнува во европските салони во декември 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет децении на брендот Range Rover

Осветлената „ѕвезда со три крака“ причина за масовно повлекување на SUV модели на Mercedes

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Hyundai i20 N и официјално

Саемот во Њујорк поместен за август следната година

Уште еден автомобил на струја од Кина – NIO EE7

Нов шеф на дизајнерскиот центар на SEAT

Се планира најмоќниот перформанс SUV на Баварците