Колку заработуваат производителите на автомобили

Времето е пари, а во оваа информација се пресметува и колку пари заработуваат производителите на автомобили во секунда…

Тоа е можеби и не е толку интересно, но во секој случај треба да се почитува трудот што некој земал калкулатор и го подели приходот на производителот на автомобили со… секунди. Ова ни овозможува да видиме колку се непристојно богати.

И да, некои луѓе не можат  да заработат за една година работа колку што заработуваат некои корпорации за само една секунда.

Toyota заработува најмногу во секунда

Колку заработува секој производител додека да трепнеш. Toyota победи, иако Volkswagen имал највисок годишен просек од 2016-2020 година. Тoyota, сепак, успеа да го собере најголемиот капитал во 2020 година. Заработката од 201 милијарда фунти му овозможи на овој производител да заработува 6.383 фунти секоја секунда.

Вториот по големина Volkswagen кој заработил 5.902 фунти, а третиот, Daimler, 4.086 фунти од секоја секунда од својот бизнис.

Еве комплетна листа на најдобрите:

Toyota – 6383 фунти во секунда

Volkswagen – 5902 фунти во секунда

Daimler – 4086 фунти во секунда

Honda – 3184 фунти во секунда

Mitsubishi – 3152 фунти во секунда

Ford – 2947 фунти во секунда

General Motors – 2839 фунти во секунда

BMW – 2.621 фунти во секунда

Stellantis – 2295 фунти во секунда

Nissan – 2.107 фунти во секунда

Hyundai – 2047 фунти во секунда

Renault – 1151 фунти во секунда

Volvo – 855 фунти во секунда

Tata Motors – 787 фунти во секунда

Suzuki – 744 фунти во секунда

Tesla – 731 фунти во секунда

Dongfeng Motor Group – 363 фунти во секунда

Ова се водечките производители кои продале најголем број автомобили:

Toyota- 8,7 милиони возила

Volkswagen – 5,3 милиони

Honda – 4,8 милиони

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

UAZ од Русија го напаѓа пазарот на теренски возила во САД

Новиот FIAT 500 со 19 –та награда во Европа

ŠKODA AUTO со тренинг Академија за продажба и пост-продажба

Toyota Venza sportski crossover дебитира во Кина

Новите згради во Велика Британија ќе мора да имаат приклучоци за полнење EV

Hycan Concept-S

Honda e:N SUV Concept & Honda e:N Coupe Concept

Citroen CX5 јуриша на австралискиот пазар

И тоа се случува и Rolls Royce отповикува свои автомобили!!!!