Комбе натоварен со бетонски блокови со брзина од 50 км/ч удира во ѕид

Компанијата Dynamic Test Center прави испитувања за безбедност на патот и за активната и пасивната сигурност на возилата, а нивниот последен видео  crash тест би можел а биде предупредување за сите што превезуваат товар како правилно да се прицврсти истиот…

На YouTube каналот на компанијата Dynamic Test Center од Швајцарија е објавено видео од crash тест на комби возило натоварено “до врв”. Симулацијата ги покажува случувањата при фронтален судир со брзина од само 50 км/ч.

За овој тест е искористен ван Mercedes Vito во чиј товарен простор е поставена палета со бетонски жардиниери со маса од 770 кг што имале “улога” на слабо прицврстен товар во комбито.

Напред, за потребите на тестот е сместена кукла на место на возачот, а така натоварено возило е забрзано до 50 км/ч пред да се забие во ѕид. Снимките се застрашувачки, a а ако наместо куклата седел човек, целава работа би имала фатален крај.

Предниот дел на возилото значително е деформиран, седиштата на возачот и на со-возачот се исфрлени од лежиштата, a товарот од товарниот простор со огромна сила се лизнал кон напред притоа правејќи голема штета и деформирање на се што се нашло пред него  – седиштата, управувачот контролната плоча, па дури и ветробранското стакло.

Куклата при тоа исто така доживеала големи оштетувања што се толкуваат како многу тешки телесни повреди на возачот, што, најверојатно, не би ги преживеал.

Возачите на товарните возила, само по себе, мораат да бидат запознаени со обезбедување на товарот што го транспортираат, од несаканото движење на истиот .

А на сит кои во патничко или комби возило превезуваат каков било товар со поголеми габарити и маса ова видео нека им послужи како предупредување дека и при мали брзини во судир од овој тип можат да имаат огромни последици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако еден автомобил го користат повеќе возачи задолжително дезинфицирајте го!

Volkswagen исплатил поголем дел од спогодби за отштета во „дизелгејт” скандалот во Германија

Tesla повторно пред проблеми сега поради големиот централен екран во модел Ѕ

Видео Škoda Superb iV и VW Passat GTE паднаа на тестот „северен eлен”!

Совет: Ако се запали сијалицата за АВЅ – итно на сервис!

Совети : Ако откаже акумулаторот пред да купите нов проверете три работи

Совет –Автомобилот долго стои, еве како да ги сочувате гумите во оптимална состојба

Колку се точни податоците на производителите за потрошувачката на гориво на нивните модели

Како се вози на пат без средишна линија