Комби за дотур што сам вози спас за Кинезите под опсада од корона  вирус!

Во Кина веќе користат комбиња што сами возат за испорака на медицинските средства и храна, како и за дезинфекција на улиците …

Производителите на автономни возила веќе извесно време нудат автомобили без возач.

Изразената глобална пандемија на корона вирусот е добар пример на нивната полезност во реално светло.

Компанијата Neolix, од Кина, што изработува комби модели што самостојно возат, цела флота на свои автономни возила за превоз на медицинските залихи и храна ги распоредила на подрачја што најтешко се погодени од вирусот COVID-19, вклучувајќи го тука и епицентарот на епидемијата – Вухан.

Малите комби возила имаат дури и систем за дезинфекција на градските сообраќајници, што сега се пусти поради мерките карантинот преземан од тамошните власти.

Во последните два месеца, компанијата примила повеќе од 200 нарачки за своите комби модели.

Претходно, од почетокот на производството во мај минатата 2019 година, произведени биле само 125 примероци.

Откако Владата на Кина на дело се уверила колку автономната технологија може да биде корисна во сред глобалната здравствена риза, одлучила да понуди многу атрактивни поттикнувачки мерки за компаниите кои сакаат да купат и да управуваат со доставните комби модели: субвенции во износ од  60% од цената.

Имајќи го сето тоа во предвид, во Neolix очекуваат дека ќе произведат и дека ќе продадат повеќе од 1000 такви комби возила и тоа до крајот на тековната 2020 година.

Додека повеќето возила што самостојно управуваат се насочени кон прометните сообраќајници, комбињата за дотур на материјли  Neolix, главно се движат по движат по улиците низ Кина каде нема сообраќаен хаос од непредвидливи возачи и пешаци.

Иако во САД нема меродавни сојузни закони што се однесуваат на возилата што самостојно управуваат и нивната работа на улиците, компаниите какви што се : Waymo, Uber и Argo AI тесно соработуваат со властите на градско и државно ниво, a тестирањата се спроведуваат во некои држави, како што се Калифорнија, Аризона, Флорида…

Компанијата Nuro од Калифорнија разви возило за дотур слично на комби возилото за кое говоревме погоре во текстот, на компанијата Neolix од Кина . Во нивниот случај направен е исклучок за да можат привремено да  ги тестираат автономните возила за дотур при помали брзини на патишта во Тексас во наредните две години, пренесува Popular Mechanics.

Со оглед на тоа дека Светската здравствена прогласи глобална пандемија патиштата се помалку затрупани со возила и нема застои во движењето што на автономните возила им ја олеснува употребата на сообраќајниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страничното паркирање никогаш полесно

Пресврт поради кризата се замрзнува, или забавува електрификацијата на возилата

Иако пазарот запре, сета годишна продукција на овој модел е распродадена

Во Флорида во пожар изгореле над 3.500 автомобили

Саемот во Пекинг одложен за крајот на септември и почетокот на октомври

Нови ознаки на гумите во ЕУ

Honda најави опции на рачни контроли во новите модели

Alfa Romeo Giulietta заминува во пензија, а пристигнува SUV моделот Tonale

Lexus продал дури 250.000 SUV и crossover модели во Европа