Компанијата што произведува Јеер во Кина поднесе барање за стечај

Заедничкото вложување на автомобилските гиганти Stellantis и Guangzhou Automobile Group (GAC) – компанијата што произведува возила Jeep во Кина – ќе поднесе барање за стечај по долг период на опаѓање…

Оваа одлука е донесена откако компанијата Stellantis ненадејно реши да го прекине бизнисот со групацијата GAC во јули оваа година, само неколку месеци откако објави дека ќе го зголеми својот удел од 50 на 75 отсто, пишува Reuters.

Извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес (Carlos Tavares), тогаш изјави дека производителот на автомобили донел таква одлука поради зголемените „политички влијанија“ врз бизнисот со партнери од Кина. Од друга страна, челниците на GAC биле „многу шокирани“ од одлуката на мултинационалната автомобилска компанија.

После тоа, Stellantis најави дека бизнисот во Кина, кој е најголемиот пазар на автомобили, ќе го насочи кон увоз и дека нема да има долгорочни последици поради прекинот на бизнисот со кинеската компанија.

Сепак, увозот на возила значи дека царините ќе се зголемат. Таварес овој месец објави дека истата стратегија би можела да се примени на возилата Peugeot и Citroen, кои Stellantis ги продава и во Кина, што значи дека автомобилската компанија може целосно да престане да произведува возила во земјата.

Продажбата на теренците на Jeep Cherokee во фабриката, која беше во заедничка сопственост на двете автомобилски компании, забележа голем пад во последните четири години. Во однос на минатата година падна на ниво од 20.396 возила.

Во 2022 година беа продадени нешто помалку од 2.000 теренци, а во мај тој број е намален на едно возило

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tesla Model S поминал најмногу во зимски услови

Во Италија по најтешките сообраќајќи на виновниците трајно ќе им се одземе возачката дозвола

Hyundai стана трет по големина производител на автомобили во светот

Ќе нема веќе „МК“ на табличките на возилата, возачите ќе мора да ги заменат со „НМК“

Од полноќ дизелот поевтинува за 2,5 денари

Нова Acura ZDX

Автомобили што наскоро ќе останат без „наследници“

Недостатокот на чипови ќе се „смири“ оваа 2023 но не од „здрави“ причини

Најбрзиот сериски автомобил на светот е од понудата на Ford!