Според медиумите од другата страна на „Големата бара“, Теslа изгубил 126 милијарди долари за само еден ден!
Агенцијата Bloomberg пренесува дека оваа промена се случила во вторникот, кога еден од косопствениците на Tesla и директор на компанијата, Илон Маск (Elon Musk), најавил купување на Twitter.
Производителот на автомобили работи со голем плус, но, како што гледаме, тоа нема врска со цената на акциите и интересите на инвеститорите.
За само неколку дена, колку што Маск флертува со Twitter, неговата компанија Tesla загуби 275 милијарди долари или 23 отсто од вредноста на неговата компанија.
Инвеститорите наводно стравуваат дека Маск сега ќе посвети повеќе внимание на Twitter.