Кон крајот на годинава во Европа пристига Ford Explorer

На европскиот автомобилски пазар Ford ќе ја понуди само plug-in хибридната верзија на SUV моделот Explorer…

Дека Ford се подготвува својот теренец Explorer да го донесе на европскиот автомобилски пазар беше јасно уште од почетокот на април тековната 2019 година  кога ја претстави напредната линија на електрифицираните возила: Puma, Kuga, Fiesta, Focus, Tourneo и Explorer на посебен настан „Оди понатаму“ (Go Futher) во Амстердма.

Со тоа ја одбележа новата пресвртница за европската филијала на Компанијата, пишува порталот Tportal.hr

Потполно новиот plug-in хибриден SUV Explorer тогаш имаше своја светска премиера, a, тоа што е за Европејците Volkswagen Golf, за Американците e, колоквијално речено Ford Explorer,податок потврден и одбројките  – 10 (десета) милиони продадени единици за 30 години.

Бидејќи кога светот за прв пат се сретнал со Explorer во 1990 година, Американците просто полудеа по него и токму тој модел доминира во продажните резултати на пазарите во САД, веднаш зад иконата pick – up моделот Ford serieѕ F.

Најпродаваниот SUV во SAD ужива голема популарност помеѓу полицајците во САД, а кога станува збор за Стариот континент, првиот  Explorer пристигнал 1993 година и сега Ford се обидува со шестата генерација повторно да ги „заведе“ купувачите во Европа бидејќи продажните фигури на Стариот континент биле премногу скромни.

Најверојатно затоа што на Европејците им бил понуден само со изведба опремена со мотор со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква  V, додека верзијата V8 била резервирана само за американскиот пазар.

Сега, во шестата генерација изведбата со агрегат со осум цилиндри поставени во форма на буквата  V веќе не е во понудата на моделот.

На европските пазари пристигнува plug-in хибрид комбинација на бензински мотор со работен волумен од 3,0 литри -Ford EcoBoost, со шест цилиндри во V конфигурација,  надополнет со турбо полнач, со моќ од 350 КЅ и електромотор моќен 100 KS, односно со вкупна моќ од 450 KS ивртежен момент од 840 Nm.

Тука е и 10 степен автоматски менувач на брзини и погонот на сите четири тркала, а во режим на работење само на струја Explorer би требало да помине до 40 km.

Инаку, во кабината на шестата генерација на Explorer е имплементирана најновата технологија со робустна и врвна завршна обработка.

Инструменталната табла ќе биде голема 12,3 инча, ќе има модерни системи за асистенција, како што се одржување во лентата на коловозот, помош при претрупан сообраќај со функција stop & go, интелигентен систем за контрола на брзината со препознавање на сообраќајни знаци и функција на автоматско кочење.

Тука е и сериската луксузна опрема: екран со големина од 10,1-инча, чувствителен на допир, Ford SYNC 3, приклучок за модем Ford Pass и аудио линија Bang & Olufsen, a предните седишта освен со греење ќе бидат опремени и со функција на ладење, како опција.

Кога пак станува збор за off-road можностите, Explorer би требало да покаже колку е способен бидејќи се достапни седум различни начини на возење кои можат да се регулираат со копче што ротира: Normal, Sport, Dirt Road, Slippery, Trailer, Eco и дополнителни посебни поставки за длабок снег или песок. Контролата за спуштање по стрмни надолнини е дел од стандардната опрема.

Инаку, Ford Explorer би требало да се појави на пазарите ширум Европа кон крајот на тековната 2019 година и тоа со спортскиот ST-Line или елегантниот Platinum пакет на опрема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечен изглед на VW Golf VIII во GTЕ изведба

Снимен DS 9- прекрасна креација на францускиот премиум бренд!

Нови mild-hybrid бензинци за Volvo XC90 

На саемот во Токио Mazda со прототип EV

Наредната генерација на Audi RS4 ќе има plug –  in хибриден погон

Volvo XC40 со plug-in хибрид

Новиот Fiat 500X Sport, предводник на обновената гама на crossover ѕвездата од Италија!

IAA Frankfurt 2019-Новиот Renault Captur, понапреден, поквалитетен, подобар…

IAA 209 Frankfurt: Wey-S concept и Wey-X concept