Конечен изглед на VW Golf VIII во GTЕ изведба

Мали промени големи подобрувања, адут се на хибридната верзија опремена со турбо бензински мотор со четири цилиндри и волумен од 1,5-литри, од TSI семејството, со 150 KS и елекромотор од 90 kW, што само на струја ќе може да помине до 65 km, a статистичката потрошувачка на гориво ќе изнесува 1,9 l/100 km…

Конечно еве го новиот Volkswagen Golf, осма генерација, а снимките ни ги пренесува порталот Autozeitung.de. и Motor 1.com.

Станува збор за хибридната верзија GTE,  што ќе биде една од најинтересните во продолжување на освојувачкиот поход на компактниот bestseller на Германците.

Како што и очекувавме, големи стилски измени нема , но затоа технолошки има и тоа во голем број.

Така со пристигнувањето на новиот модел сопствениците на се уште актуелниот нема да добијат впечаток дека нивниот автомобил преку ноќ одеднаш „остарел“.

И од неколку стотици метри оддалеченост се забележува дека е тоа  Volkswagen Golf, a дури на 50-на ќе биде јасно дека е тоа новиот Golf, односно новиот владетел на компактната класа!

Тука максимата „кралот е мртов да живее кралот“ во потполност одговара на ситуацијата.

Моделот ќе се базира на, во моментов најнапредните бензински погонски мотори – 1.5 TSI со 150 KS.

Ќе работи во синергија со електромотор моќен 90 kW и ќе нуди вкупна синергиска моќ на двата агрегати од 150 kW (204 KS).

Само на струја ќе може да вози 65 km, a статистичката потрошувачка ни вели дека потрошувачката на бензинското гориво, со секојдневно полнење на батериите со стуја, ќе изнесува само 1,9 l/100 km, со што навистина е еколошки настроен кон средината.

Инаку, за се друго што е од значење за претстојниот Golf од осмата генерација веќе сме пишувале и ни останува само да го почекаме главниот адут од Волфсбург ( Wolfsburg) да пристигне на пазарот и одблиску да се запознаеме со истиот на првите тестови…

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Ultra-Compact BEV во 2,5 m спакуван автомобил на батерии!

Нова Škoda Octavia официјални скици

Наскоро нова Toyota Yaris

Honda наскоро ќе го „открие“ новио Jazz

Конечно вака изгледа новиот VW Golf8, a дебитира за една недела!

Подновен успешниот комерцијалист – Fiat Talento

Porsche Taycan 4S –  „поевтина“ ентри верзија на електричниот тркач

Претставена Toyota Mirai concept

Toyota RAV4 Plug – in Hybrid