Најновите патенти откриваат дека Suzuki конечно почнал да работи на својот електричен проект на две тркала….
И иако насоката во која се движи проектот се уште не е јасна, се чини дека конечно започна електрификацијата на линијата на реномираниот јапонски производител. Врз основа на патентот, гледаме дека е подготвен електричен скутер, кој би можел да биде електрична варијанта на моделот Burgman.
Сепак, прикажаниот скутер одговара на верзијата од 125 кубни сантиметри а не на таа од 400 „кубици“. Со оглед на тоа што фабриката од Хамаматсу го потврди своето заминување од секоја натпреварувачка категорија во светот на мотоциклите, фокусот на електричниот проект секако би можел да биде на практичноста, а не на перформансите.
Згора на тоа, една од причините за потегот на Suzuki е да ги насочи средствата кон развој на електрични модели, па не е чудно што најновите патенти откриваат токму таква креација. Она што го откриваат патентите е модел со конвенционална батерија, сместена под традиционална челична рамка на мотоциклот, слична на онаа на Burgman 125.
И додека моделот на бензин има погонска единица и менувач вградени во задната вилушка, електричниот има малку поинаков стил, со погонска (електрична) единицата сместена во рамка. Иако Yamaha и Honda се одлучија за технологија за заменливи батерии, Suzuki се одлучи за фиксна единица.
Тоа практично значи дека празната батерија не може лесно да се замени, туку мора да се наполни од почеток. Сè на сè, процесот на развој штотуку започна, а до финалната верзија не чекаат многу промени. Очекуваме дека ќе помине многу време додека да го видиме прототипот на дело.