Конечно откриен Volkswagen Golf R (2021)- Top Gun компакт со 333 KS!

Една од најголемите атракции на претстојниот салон за автомобили од петти до 15 март тековната 2020 година, ќе биде и најмоќниот Golf 8, со ознака R, што претходно веќе беше најавен…

Пред нас е сликата објавена од специјализираниот портал Motor1.com од финалната верзија на моделот Volkswagen Golf R, што е базира врз пред некој ден објавените фотографии на Carscoopsr,, на завршниот модел, „уловен“ на  тестирање на Алпите.

Се што е важно за моделот веќе е објавено, бидејќи ќе биде изведен од стандардниот модел, односно неговата GTI верзија, што инаку ќе располага со  245 KS, додека во верзијата GTI Performance со дури 272 KS.

Бидејќи досегашниот Volkswagen Golf R имаше моќ од точно 300 KS, новиот ќе биде посилен.

Се шпекулира, во Волфсбург (Wolfsburg) во овј момент не ги објавуваат спецификациите за моќта, дека ќе располага со ергеле од дури 333 KS, што, како и кај досегашниот Top Gun модел, ќе се испорачуваат на сите четири тркала со помош на погонот 4motion и спојката Haldex, што ја „игра“ улогата на средишен диференцијал.

Се предвидува дека перформансите ќе бидат забрзување од 0 до 100 km/h за само 4,3 секунди, заеедно со функцијата Launch Control, ќе биде скратена на само 4,1 секунди.

Максималната брзина, пак, секако, со електронска блокада ќе изнесува 250 km/h, а со нејзино отстранување ќе може да фури и со 290 km/h.

Се очеуваат дополнителни информации и слики со кои ќе продолжи да го привлекува вниманието на јавноста се до промоцијата на Салонот за автомобили во Женева.

Нарачките ќе почнат да се примаат он крајот на оваа 2020 година, бидејќи новиот Volkswagen Golf R ќе биде модел за 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Citroen подготвуваат наследници на С4 и на Cactus

Нови фотки и детали за Hyundai Prophecy

Иако се уште не е во продажба за него стасала над 600.000 нарачки

Годинава Volkswagen со plug in hybrid погони во Tiguan и Arteon

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Претставен Genesis G80, лимузина “џелат” на Mercedes Е класа…

Баварците подготвуваат лимитиран број X5 изведби со погон на хидроген за 2022

Во план и Hyundai Elantra N

Нови фотографии на продукциската верзија на Peugeot 508 PSE