Конечно пристигна четвртата генерација на Škoda Fabia

Првиот човек на производителот на автомобили од лада Болеслав Томас Шефер изјави дека со четвртата генерација на Fabia  и истакна Fabia ќе остане модел за широките маси, што е спротивно на стартната цена од речиси 14.000 евра!…

Овој потег им дава значење на другите одлуки на Škoda, како што е недостатокот на електрификација. Иако е корисно поради емисијата на штетни гасови, тоа носи и многу скапи компоненти кои ја зголемуваат цената на комплетното возило за самиот производител, што секако не беше целта на Škoda.

Чешката марка наведува дека новата Fabia доаѓа опремена со светлосни групи кои се изработени во LED технологија, што на новиот hatchback му дава дополнителен шарм. Се во се, презентираниот модел е поатрактивен од претходникот, но дизајнот сепак е еволуција на она што може да го видиме во третата генерација. Посебно внимание се посветува на аеродинамиката, така што новата Fabia има најдобар резултат во класата од 0,28 cd кога станува збор за коефициентот на отпорност на воздухот.

Новата Fabia се пресели на MQB A0 платформата, која ја користат голем број сестрински возила од VW групацијата. Оваа архитектура нуди помалa маса и повеќе простор за четвртата генерација на преставникот во В сегментот на Škoda, што веќе не е толку мала.

Автомобилот значително се зголеми во споредба со неговиот претходник. Долгa е 4.107 мм, широкa е 1.780 мм, високa е 1.460 мм, додека растојанието помеѓу оските изнесува 2.564 мм.

Последните податоци се многу важни затоа што претставуваат зголемување од 94 mm во споредба со поранешниот модел, што особено се рефлектираше во понудата на простор на задната клупа. Škoda наведува дека прагматизмот бил и останува една од доблестите на Fabia.

Така, новата генерација нуди и исклучително голем багажник со зафатнина од 380 литри, што е за 50 литри повеќе отколку во третата генерација на овој автомобил.

Кога станува збор за ентериерот, тука може да се забележи дека Чесите нидат нешто веќе видено во нивната понуда, бидејќи кабината е многу слична на она што може да се види во новата Octavia.

Пред возачот се наоѓа волан со два крака со неколку копчиња, додека улогата на таблата со инструменти ја игра 10,2-инчен екран. Сè уште е дел од опциите, бидејќи новата Fabia во основната гарнитура доаѓа со аналогни покажувачи.

Нов дисплеј на допир за управување со информативно -забавниот систем е поставен на врвот на централната конзола. Дијагоналата на истиот е 6,8 инчи, но е опционално достапна и поголема од 9,2 инчи.

Чесите решија да ги задржат физичките прекинувачи и копчиња на централната конзола, што дефинитивно се покажа како попрактично решение од различните „напредни“ опции.

Од Škoda наведуваат и дека за прв пат Fabia има двозонска климатизација, која досега беше резервирана за модели од повисоките класи.

Општо, Чесите тврдат дека го подигнале квалитетот на материјалите што се користат во кабината и посочуваат дека користеле мека пластика на горната табла, што досега не беше случај со Škoda Fabia

Што се однесува до опсегот на моторот, за тоа добивме информации пред неколку месеци.

Новата Fabia ќе се потпира исклучиво на бензински мотори. Воведниот погонски агрегат е 1.0-литарски атмосферски со три цилиндри мотор кој нуди скромни 65 КС и 95 Nm, проследено со малку помоќна верзија на истиот мотор со 80 КС и 95 Nm.

Потоа, тука е 1.0-литарскиот со три цилиндри и турбо полнење мотор во две изданија. Послабата варијанта има 95 КС и 175 Nm и е во комбинација со шестстепен мануелен менувач. Помоќната опција се потпира на 110 КС и 200 Nm, и нуди опционален менувач DSG.

Круната на понудата е 1,5 TSI, со четири цилиндри во линија, што малкумина очекуваа во понудата на новата Fabia. Овој погонски систем ќе му понуди на возачот 150 КС и 250 Nm и моќноста ќе се испраќа до тркалата преку седум степен менувач DSG.

Овој 1,5 TSI е опремен со технологија што му овозможува да „исклучи“ два цилиндри кога не е потребно, сето тоа заради заштеда на гориво.

Што се однесува до технологијата, новата Fabia отиде чекор напред од претходниот модел, особено во областа на системите за активна и пасивна безбедност.

Škoda наведува дека за прв пат во некој нивни модел од В сегментот се понудени Travel Assist и Park Assist. Првиот комбинира неколку системи и во суштина овозможува полу автономно возење на автопат, бидејќи возачот сепак треба да ги држи рацете на воланот.

Вториот систем е еден вид на помош за паркирање, каде што исто така може да ја преземе целосната контрола врз возилото, доколку возачот го дозволи тоа.

Новата Fabia доаѓа и со други напредни технологии како системите за препознавање сообраќајни знаци, секако и вообичаениот AEB.

Секако во Škoda немаат намера да се откажат од својата Simply Clever филозофија, па затоа четвртата генерација на Fabia нуди неколку многу интересни и практични решенија. Покрај чадорот во вратата, има и посебни џебови на задниот дел од предните седишта за мобилни телефони, потоа специјални држачи за картички и монети во одделот за нараквици, како и USB приклучок сместен зад централното ретровизор. Овој приклучок е наменет за напојување на камера за снимање на сообраќајот.

Марката од Млада Болеслав има големи очекувања од новата Fabia. Позициониран е така што е далеку подостапен од конкуренцијата од Франција, Peugeot 208, Renault Clio, Citroen C3, или германскиот „Американец“ Ford Fiesta, а при тоа нуди и далеку поголем простор во кабината отколку повеќето нејзини ривали.

Од друга страна, новите дизајнерски решенија се тука за да привлечат помлади потенцијални клиенти.

Покрај тоа, Škoda Fabia ќе бара успех и надвор од Стариот континент, а како една од главните цели се наметнува брзо растечкиот индиски пазар, за што говорат и плановите на Škoda на Индискиот потконтинет да изгради три сопствени производни погони.

Како и да е новата генерација на градскиот автомобил од Чеша дојде поголема и попространа со напредна технологија и со добро познатите и докажани бензински агрегати и со повисока цена. Како и да е ние и посакуваме успех …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова Dacia Logan Caravn на рендери

Subaru Forester facelift

Почна производството на  Citroen C5X

Новиот KIA Sportage во црна боја изгледа ко да е од друга планета!

И официјално новиот Lexus NX 2022

Најавен нов Maserati GranTurismo

Најавен нов Audi RS3

Nissan Z

Официјално Volkswagen Multivan T7