Конечно пристигнува новиот Nissan Juke на нови фотки!

Објавен е нов сет на фотографии со кои се најавува новата генерација на малиот crossover на Nissan моделот Juke, што своја светска премиера, на посебен настан треба да има за 15 дена…

Од своето официјално лансирање во 2010-та година моделот Nissan Juke  привлекуваше внимание пред се со својот впечатлив атрактивен дизајн, но по речиси една деценија успешно опстојување на пазарот стаса време за лансирање на неговиот наследник…

Деновиве и официјално е потврдено дека новата генерација на популарниот crossover на Nissan ќе има светска премиера на трети (3) септември,

Во најавата се вели дека неговата продажба на пазарите на Стариот континент би требало да стартува некаде на почетокот на наредната 2020 година.

Како што сега „стојат работите“ автомобилот ќе доживее повеќе измени. Пред се, новата генерација на Juke  покрај модерниот дизајн ќе добие и CMF-B платформа од Renault-Nissan алијансата, a ќе има е малку подолго растоијание помеѓу оските, како и по пространа внатрешност со поквалитетни материјали и повеќе места за нозете на патниците на задната клупа.

Ќе има и и малку поголем багажник, со капацитет што од актуелните 354 ќе се зголеми за околу 380 литри.

Исто така треба да се спомне и поголемиот екран чувствителен на допир, конекција за паметниот телефон, подршка за Apple CarPlay и Android Auto, ProPILOT на Nissan, систем на полуавтомотозирано возење, како и уште побогата понуда за персонализација.

Овој конкурент на Renault Captur, Opel Mokki X, Fiat 500X и Peugeot 2008 во понудата помеѓу другото ќе има и 1,0 и 1,3 – литарски бензински мотори, a најверојатно и 1,5 литарски дизел мотор.

Покрај погонот на тркалата на предната оска во гамата ќе се најде и погонот на сите четири тркала, кај поскапите верзии.

Исто така, неофицијално,  се спомнува и plug-in hybrid варијанта со комбинација од 1,6-литарски бензинец, електромотор и батерија од од 9.8 kWh. Хибридниот Juke ќе може да се движи и само на струја, до 32 km.

Некои извори напоменуваат дека е можно да се појави и целосно електрична верзија.

На крајотќе речеме дека производството и натаму ќе се одвива во фабриката во Сандерленд Велика Британија, каде досега се произведени повеќе од милион примероци од актуелната генерација на овој популарен crossover на Nissan.

Инаку како што и претходно пишувавме премиерата на новиот Nissan Juke е закажана за трети (3) септември тековната 2019 година 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечен изглед на VW Golf VIII во GTЕ изведба

Снимен DS 9- прекрасна креација на францускиот премиум бренд!

Нови mild-hybrid бензинци за Volvo XC90 

На саемот во Токио Mazda со прототип EV

Наредната генерација на Audi RS4 ќе има plug –  in хибриден погон

Volvo XC40 со plug-in хибрид

Новиот Fiat 500X Sport, предводник на обновената гама на crossover ѕвездата од Италија!

IAA Frankfurt 2019-Новиот Renault Captur, понапреден, поквалитетен, подобар…

IAA 209 Frankfurt: Wey-S concept и Wey-X concept