Конечно  Top Gun верзија на Audi S3 (2021)

Братучед на Volkswagen Golf 8 R, со 330 KS, 100 км/ч забрзува за  4,5 секунди и постигнува 280 км/ч…

Новиот Audi A3 туку што ги презема своите први чекори на пазарот, а во Инголштат се во тек последните подготовки за Top Gun верзијата на Audi S3, луксузниот колега на идниот спортски братучед од Волфсбург, Volkswagen Golf R.

Тука нема премногу филозофија затоа што е добро познат спортскиот концепт, на кој ќе се создаде и новата Cupra Leon.

Турбо бензинец, со директно вбризгување, кој досега разви 300 КС во спортската верзија, ќе „пука” со 330 КС.

Овој „динамит“ ќе биде пренесен на асфалтот со S tronic  автоматски менувач (во терминологијата на Volkswagen- DSG7, со два спојки и седум брзини) и quattro -погон (4 × 4, во терминологијата на Volkswagen- 4Motion, со Haldex спојка), што ќе овозможи забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,7 секунди.

Највисоката брзина ќе биде ограничена на 250 км/ ч, а за тие на кои тоа не им е доволно бро ќе може да се доплати пакетот „Performance“  за максимални 280 км/ч.

Новиот Audi S3 ќе се произведува во верзија со 5 врати Sportback  и како лимузина со 4 врати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot 108 доби освежување и нови бои

Volkswagen Golf 8 Alltrack -2021: crossover изведен од караванот – Variant

Нови дополнителни информации за Toyota Corolla Cross

Lamborghini го претстави Sian Roadster вреден над три милиони евра и веднаш го распродал

Hyundai го покажа ликот на Elantra N Line

Cupra го претстави својот жежок hatchback на струја, el-Born

Спортскиот Hyundai i10 N Line доаѓа од Измир!

Во Peugeot подготвуваат мини crossover- 1008?

Почнува откривањето на новата S Class (W223)