Концернот „Калашњиков“ со нов автомобил за carshearing!

Според зборовите на конструкторот, аутото ќе биде погодно и за возење по териториите (објектите и имотите) на огромните претпријатија.

На седмиот Меѓународен евро азиски форум  „Такси“ (MEFT) во Москва, Групата компании  „Калашников“ претстави електромобил UV-4 наменет на пазарот на такси услуги, соопштува сајтот „Калашников медија“.

 

 

Моделот на електромобилот е покажан во рамките на изложбената експозиција на најновите модели на автомобили специјализирани за „таксирање“ стои во соопштението.

Тој електромобил, каоо што наведува производителот, се одликува со тоа што нема сецкања при поаѓање и има ниско ниво на ризик од избивање на пламен или експлозија во случај на судир.

„Предвиден е за претпријатија во чии „круг“  мораат да се совладуваат големи растојанија како и за компании што се занимаваат со car shearing, пишува на сајтот.

Електромобилот има моќ од 50 kW и развива максимална брзина од 80km/h, a бездополнување на акумулаторот може да помине до 150 km.

 

Тежок е само 650 kg, а долг 3,4 m, широк 1,5 m и висок 1,7 m.

 

Како што соопштува руската информативна агенција TASS, претходно концернот „Калашников“ на меѓународниот воено – технички форум „ Армија 2019“  го претставил и електромобилот „Ovum“ од новата генерација .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan создал приспивна псна за деца што добро спијат само во автомобил!

Колкав период од животот европските возачи „губат“ барајќи паркинг!

Pagani Huayra во ексклузивно Imola издание вредно 5 милиони евра

Видео реклама: Новиот Land Rover Defender во новиот филм за Џејмс Бонд

Glickenhaus 007- Тркачки еспрес

Најавен хипер автомобил – Czinger 21C на Palexpo 2020

Lotus Elise посебна едиција за Австралија

Електричниот ѕвер Pininfarina Battista почна со тестови на тркачка патека

Apex Motor со нов „спортист“ на Palexpo 2020!