Кралот на Дакар ја нанижа и 14-та титула во најтешкото рели на светот

Легендарниот возач се чувствува како дома на најтешкото рели на светот а тоа го потврди и со 14 та титула со што само го зацврсти својот имиџ на икона во мотоспортот…

Стефан Петерхансел (Stephane Peterhansel) го оправда својот прекар г-дин Дакар на најдобар можен начин и ја освои 14-тата вкупна титула возејќи баги за тимот нa X-Raid Mini JCW.

Последна етапа со 202 км брзински тест ја заврши на третото место зад неговиот тимски колега Карлос Саинц (Carlos Sainz) и главниот ривал за победата, Насер Ал-Атијах (Nasser Al-Attiyah).

Сепак, Саинц одамна испадна од посериозната борба за севкупна победа, додека Ал-Атијах надомести само 40 секунди заостанување, за на крајот на релито Дакар 2021 да заврши со нешто помалку од 15 минути заостанување од Петерхансел.

Питерхансел доби нов совозач Едуард Буланџер (Édouard Boulanger) за овогодинешното рели Дакар, и се покажа дека новиот тандем многу брзо најде добра комуникација.

Иако не победуваше, Петерхансел направи најмалку грешки, што на крајот се покажа како добитна комбинација.

Од друга страна, Ал-Атијах извојува дури шест етапни победи, но тоа не беше доволно за неговата севкупна победа, а како што вели самиот тој. имал премногу дупнати гуми (дури 16) за да стигне до целокупната победа.

Ова е осми триумф на Питерхансел на релито Дакар во автомобилска конкуренција, а тој има освоено уште шест титули натпреварувајќи се на мотоцикли. Тој првпат победи пред точно 30 години, во 1991 година, со мотор на Yamaha.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спринт квалификации на три трки во Formula 1 во сезоната 2021

FIA иницира нова тркачка класа на електрични болиди

Фантастичен резултат на Македонците на „Хунгароринг“

F1 ги премести квалификациите поради погребот на принцот Филип

Мајами од наредната 2022 година во календарот на F1

Кам-бек на „ТВИНГОВЦИТЕ“: Сезоната стартува викендов на  „Hungaroring FIA CEZ“

Како се тестира (малтретира) Porsche 911 GT3

WRC шампионатот од следната сезона поаѓа во хибридна иднина

Новата електрична Kia EV6 за еден ден освои 21.000 купувачи во Ј. Кореја