Кристoф Гујон голем мајстор за изведби на автомобили во сооднос од 1/4

Од играчка за неговиот син,до светки популарните намалени изведби на „Четворката“ и на “Спачекот“ тоа на овој посветен моделар му донело глобална популарност и слава….

Овој Французин, од местото Сент Уин-лес Вињес (Saint-Ouen-les-Vignes) роден  1995 година за својот син направил модел од Renault 4 во сооднос намален на ¼, a набргу почнале да му пристигнуваат нарачки и од други вљубеници во популарната „четворка“.

И одговорните од фабриката на Renault покажале голем интерес за неговата работа.

Во наредните 15-тина години направил модели на практично сите изведби на R4, од соголениот ран R3 до последните GTL-изведби што се произведуваа во Словенија, република во некогашната заедничка држава СФР Југославија и била многу популарна на нашите простори.

По ова овој моделар побарал предизвик во уште една француска икона на четири тркала, Citroën 2CV.

Во неколку наврата изработувал и уникатни изведби на други автомобили, но неговите први две љубови му останале база.

Денес можете да нарачате некои од моделите на овие два автомобила, a цената на поедините примероци стартуваат од околу 1500 евра.

Интересно е да се спомне дека откако ќе ги моделира и сите можни варијанти на „спачек“ овој Французин најавил дека ќе се посвети на на класичните „Буби“ на Volkswagen.

Мајсторот самиот ги изработува калапите за сите делови на моделите, додека, пак, лакирањето (со оригинални фабрички бои на вистинските автомобили) му го препушта на специјалистот на тоа поле.

Моделите се изработени од полиестер, a постојат и примероци со управување на далечина, но исто така и такви што можат да се возат со детски педали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan GT-R Nismo 2020 со деби на Њујорк 2019!

Apollo Intensa Emozione подготвена за производство

Светски автомобил на годината 2019 и hat trick за Jaguar I-Pace!

Наследникот на Lamborghini Aventador  со хибриден погон

Од производната лента се симна милионитиот VW Sharan

Поостарите возила од вчера за влез во центар на Лондон плаќаат 12,5 фунти

Новиот Mini со 300 КС во лимитирана серија

Во игра е и Bigatti SUV и лимузина!

Заврши најдолгото патување околу светот со електричен автомобил!