Крпеници на пат што траат 10 години!!!

Градовите и општините најчесто бараат привремени методи за поправка на патиштата преполни дупки во вид на врел и студен асфалт, но тие решенија се со кус век, за среќа, сепак, постојат поефикасни и подолготрајни решенија што може да истраат и 10 години!

Откако водата ќе продре низ асфалтот, старата дупка повторно може да се појави по само неколку дена.

Тука настапува фирмата American Road Patch. Фирмата од САД развила решение што го продолжува векот на траење на крпеницата од асфалт.

Патарите и понатаму мораат да ја наполнат дупката со смеса од асфалт, по што на тоа место се поставува „фластер“ за патишта.

Американецот Роуд Печ (Road Patch) тврди дека нивниот „фластер“ овозможува спој што не пропушта вода, со кој асфалтното полнење на дупките на местото подолго време –  дури до 10 години подолго.

Секако, тоа не е решение за патишта во состојба на распаѓање и на кои им е потребна севкупна реконструкција.

Сепак, спречувањето на повторното отворање на дупките на патот во рок од 10 години е секако подобро од тоа на што сме навикнале, а тоа е по она народната „ чувај буре вода додека мајсторите не си заминат“ , a многу пати и покусо.

Примената на road patch технологијата е многу едноставна.

Работниците ја полнат дупката на вообичаен начин, го поставуваат „фластерот“ за патишта наопаку, го симнуваат заштитниот слој од лепливата површина, го превртуваат и го лепат за асфалтот или, пак за бетонскиот пат. При температури пониски од 21C степен Целизусов, важно е да се загрее површината за што подобро соединување на лепливата површина на патот. Тоа решение веќе се тестира повеќе од една година, на патиштата во Алабама, САД.

Иако станува збор за Јужна држава во САД што не е позната по ниски екстремни температури како по северните држави, фирмата American Road Patch е подготвена за дистрибуција на нејзините крпеници ширум  САД и Канада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Cupra Concept подготвена за Салонот во Франкфурт

Се враќа „монструмот“ Saleen 7 и пристигаат и два новитета!

Во Италија испитуваат со нова максимална брзина на автопат 150 km/h

И Toyota со Rover -концепт возило за освојување на нови планети!

Погонскиот мотор на Porsche за Formula Е

Новиот BMW X6 M пристигнува 2020

C8 Corvette – 2020 дебитира под името Stingray!?

Слеп механичар со полн гас возел низ пустина!

Најбрза куќа- колиба на тркала!