KTM потврди: SMT се враќа овој април

KTM официјално потврди дека SMT, супермото мотоцикл со туристички карактеристики, се враќа на пазарот и тоа овој месец…

Новитетот ќе ја понесе ознаката KTM 890 SMT. Австрискиот производител на мотоцикли, исто така, откри дека 890 SMT – кој неодамна беше фатен на тестирање во Европа – ќе биде официјално претставен на 24 април.

Гледајќи ги „шпионските“ фотографии, се забележува дека претстојниот 890 SMT има малку потенко тело во споредба со неговиот братучед, 890 Adventure.

За разлика од авантуристичката варијанта, SMT има и спортски резервоар за гориво. Во однос на перформансите, голема е веројатноста дека 890 SMT ќе ги нуди истите броеви како и 890 Adventure.

Тоа би требало да значи моќност од околу 100 КС и 95 Nm максимален вртежен момент. 890 SMT ќе се натпреварува на пазарот со модели како што се Yamaha Tracer 9 GT (117 КС) и Ducati Multistrade V2 (113 КС).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ducati отворен за развој на мали електрични мотоцикли

BMW ја проширува линијата R 18 со нов „крузер“

Tesla Model S најавува подолг досег со помали гуми

Suzuki го задржа GSX-S750 во својата линија за оваа 2023 година

Моќниот KTM 1290 Super Duke RR во лимитирана серија

T.50 во производство!

CFMOTO подготвен да го разбранува пазарот на електрични мотоцикли

Ducati почна со производството на Scrambler моделот

Kymco i-One