KTM RC 8C распродаден за пет минути!

Ако се надевавте дека ќе паркирате некој од новите тркачки мотоцикли KTM RC 8C во вашата гаража, имаме лоши вести за вас.

Имено, новата жестока креација на австриската компанија е распродадена за само 5 минути … односно и побргу – за  4 минути и 32 секунди!

Рака на срце, повеќето нови клиенти се изложбени салони ширум светот, што значи дека сè уште постои шанса еден RC 8C сепак да биде достапен за вистинските поклоници.

25 од вкупно 100 идни сопственици на RC 8C чекаат уникатно искуство на патеката организирана од KTM. Настанот ќе се одржи во Херез, од 7 до 9 октомври, кога ќе имаат можност да ги возат своите машини заедно со тест-возачите на фабричкиот тим на КТМ, Дани Педроса и Мајк Кали.

Секако, не ви треба ден на патеката со двајца поранешни возачи на MotoGP за да уживате во понудата на RC 8C, иако со нив во друштво сè може да биде подобро.

KTM RC 8C доаѓа со 890 cc LC8c паралелен twin мотор и 128 КС на располагање, тежок e 140 килограми и има неколку компоненти со високи спецификации. Има WP суспензија со 43мм вилушки APEX PRO 7543, целосно прилагодлива.

Сопирањето е обезбедено од клешти Brembo Stylema, со дискови од 290 mm. Dymag фелни се вметнати во гумите на Pirelli, а тука е и радијалниот главен цилиндар Brembo 19RCS CORSA CORTA.

Можеби највпечатливиот дел е таблата со инструменти AIM MXS 1.2 RACE, со 5-инчен TFT екран и GPS тракер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наскоро нова Honda Transalp

BMW Concept CE 02

Husqvarna FS 450 Supermoto

Мотоциклистите повеќе нема да учествуваат на „Пајkс –Пик“ трката

CB1000R 5Four ексклузивно издание на Honda CB 1000R во само 54 примероци

Yamaha ќе развива ласерска технологија

Групацијата Piagio со рекордно полугодие

Ducati 860 E-Concept

Malaguti подготвува сосема нов модел – Drakon