КТМ со нов електричен скутер !?

KTM веќе долго време планира да влезе во пазарот на скутери тоа со електричен модел…

Најновите скици ни покажуваат како би можела да изгледа таа изведба на две тркала кога истата ќе биде веќе подготвена за сериско производство и пласман на пазарот.

Австриската компанија брзо ја развива својата гама и веќе се подготвени планови за нејзино проширување.

Целта е да ги зајакне своите пазарни позиции пред се до идеја компанијата и да ги покрие сите сегменти почнувајќи од 250 кубни сантиметри па се понатаму.

Сепак, најважниот нов модел на компанијата од Метингхофен (Matinghofen) би можел да биде и најмал во понудата.

Како и да е, не само што ќе се одбележи влегувањето во урбаниот сектор, туку ќе означи и почеток на реализација на електричните планови на реномираниот производител.

KTM веќе ги објави плановите за развој на цела линија возила со нулта емисија, вклучувајќи модели со повисоки перформанси.

Тој проект треба да се реализира заедно со индиската компанија Bajaj, а целниот датум е 2022 година.

Првиот модел од тој проект би можел да биде токму електричен скутер, чии скици ги објави австрискиот Motorad-Magazine.

И иако самиот дизајн е неофицијален, сите карактеристики што би ги очекувале на скутерот на KTM се таму и го комплетираат остриот профил на овој примерок на две тркала.

Самата скица би можела да се опише како реинтерпретација на пропаднатиот проект KTM E-Speed,  кој премиерно е претставен во 2013 година на Салонот за автомобили во Токио.

Скутерот сега е повторно во плановите, а неговото лансирање би отворило нов пазар за еден од најголемите производители во Европа.

Електричниот модел најверојатно ќе ја користи платформа за скутери Bajaj Chetak , која на пазарот во Индија пристигна кон крајот на минатата година. Пред КТМ, својата верзија ќе добие Husqvarna.

Исто така и брендот од Шведска ги користи и сите придобивки на различни платформи, така што наскоро ќе ги добие првите два ADV модели, Noredn 901 и 701.

Исто така и GasGas ќе добие своја платформа, што ќе и ’даде на компанијата, покрај постојните enduro, и нови друмски – ориентирани модели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

MV Agusta Superveloce 800 цени и спецификации

Пристигнува нова Honda CBR600RR

Honda Motocompo, електричен скутер како измислен за урбаната џунгла на асфалтот!

Електричен EMX мотокрос од Холандија

Подготвуваат ли во BMW враќање на C1

Xiaomi го најави новиот Ninebot C30 скутер на струја

Honda CB-F концепт  наскоро во производство?

Suzuki подготвува хибридни мотоцикли!

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч