Купувачите на Ford Bronco стануваат се понетрпеливи!

Поминаа повеќе од четири години откако Ford го најави враќањето на својот теренец Bronco во продажните салони и оттогаш тоа е постојана тема на пишувањето на американските медиуми…

Рака на срце, не ни помислувавме дека ќе се најде на пазарот веднаш, но она што следеше беше во стилот на шпанска серија полна со драма.

Најпрво епидемијата на корона вирусот неколку пати го одложи премиерот, а потоа се појави проблем со добавувачот на пластични покриви од Германија, а недостигот од компјутерски чипови се уште е на сила.

Ford ни кажа дека добил над 200.000 нарачки уште пред да започне сериското производство, но поради веќе опишаните проблеми, само 35.023 единици ја напуштиле фабриката минатата година.

Уште повеќе, ако го погледнете паркингот до фабриката во американската сојузна држава Мичиген, каде што вообичаено се произведува Bronco, ќе видите голем број модели, главно завршени, кои ги чекаат потребните компјутерски чипови.

Паркингот е видлив од јавниот пат и оваа информација е достапна за пошироката јавност, а еден од вработените рече дека таму се паркирани од јануари и дека ќе бидат доставени до клиентите дури во август.

Тоа пак иницира многу приказни на официјалната веб-страница на теренецот наречен Bronco6G.

Оние кои веќе ги нарачале нивните примероци велат дека не се премногу оптимисти дека всушност ќе им бидат доставени во август, а и да се случи тоа, возилата сепак поминале осум месеци паркирани на отворениот паркинг.

Кога знаеме дека сојузната држава Мичиген има исклучително сурови зими и дека споменатите пластични покриви се склони кон протекување, нема да бидеме изненадени доколку овие паркирани примероци бараат поправка во наредните месеци.

Голем број од оние кои го чекаат својот Bronco чувствуваат дека теренецот не вреди да се чека и ќе размислат да купат Jeep Wrangler или Toyota 4Runner. Двете возила се на пазарот долги години, може да се најдат во салоните без да се чека со месеци, а на пазарот има многу независни компании за производство на тјунинг делови.

Некои отидоа дотаму што очекуваа поголеми попусти од Ford, иако е тешко да се очекува такво нешто кога се знае дека Bronco всушност се продава многу пониско од цената одредена од фабриката.

Сепак, мора да признаеме дека ситуацијата малку се подобрува.

Во текот на април, Ford испорача над 13.000 единици, што е убедливо најдобриот месец за Bronco откако го претстави.

Американскиот производител на возила ќе каже и дека 70% од клиентите претходно поседувале модел од друга марка, па дури и само со тој факт, Bronco е сепак голем успех за компанијата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi вложува уште 300 милиони евра во својата фабрика во Унгарија

Hyundai и KiA во проблеми поради дизелот

До 2030 година во ЕУ ќе има над 60 милиони електрични автомобили

Половина од постојките за полнење на EV во Европа се лоцирани во две земји

Stellantis го запира производството во погоните во Рен поради недостаток на чипови

Tesla ги поскапи автомобилите во САД поради инфлација

Во Шпанија ќе се произведуваат новите генерации на електрични модели на Ford

VW е нова жртва на недостаток на полу проводници во светот на автомобилите

Гига фабриките на Tesla во Тексас и Берлин просто „горат“ милијарди долари !