Купувачите од САД најзадоволни од технолошките новини кај Genesis

Овогодинешниот Ј.Д. Power’s 2022 Tech Experience Index (TXI) истражувањето откри колку корисниците се задоволни од технологиите, како што е предупредувањето за појасот на задните седишта, во нивните автомобили.

Очекувано, клиентите се најмалку задоволни од комплицираните технологии кои не функционираат совршено, така што повеќе од 50 отсто од нив се пожалиле на функциите за препознавање отпечатоци што ги нудат одредени производители во нивните модели.

Истражувањето покажало и дека продавачите можат да играат голема улога во задоволството на клиентите, односно начинот на кој им објаснуваат на клиентите како функционира една технологија и за што може да се користи.

Луксузниот бренд на Hyundai Genesis постигна најдобар рејтинг во истражувањето спроведено за американскиот пазар, а меѓу „масовните производители“ првото место го зазеде Hyundai, што е огромен успех за корејскиот производител.

Уште подобар резултат од нив постигна Tesla, но беше исклучена од официјалните резултати бидејќи не сака да споделува податоци за возилата и клиентите со JD Power, пренесуваат информативните агенции.

Во рангирањето најмногу доминираат премиум брендовите, па американскиот Cadillac е втор зад Genesis, а потоа следат Mercedes-Benz, Hyundai, Volvo, BMW, Land Rover, Kia, Infiniti и Lexus.

На дното на скалата се Ford, Porsche, Chrysler, Honda и најслабо рангираната Mazda.

Во рангирањето на премиум производители, на дното се Lincoln, Acura, Audi, Alfa Romeo и Porsche, што значи дека еден од најпрестижните производители во светот ја доби најлошата оценка од своите клиенти.

Топ 10 масовни (не премиум) производители се Hyundai, Kia, Buick, GMC, Subaru, Ram, Chevrolet, Nissan, Toyota и Dodge, што покажува дека Американците се најзадоволни од корејските, домашните и јапонските брендови.

Во истражувањето, клиентите оценија вкупно 35 технологии на автомобили, кои беа поделени во четири категории: удобност, технологии за автоматизација, енергија и одржливост и информативно забавна понуда, како и поврзување.

Вкупно биле испрашани дури 84.165 сопственици на нови автомобили, кои одговарале на прашањата откако го возел автомобилот најмалку 90 дена.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Dacia Duster без дизел мотор!

Urban SUV Concept на Toyota

Дали правилно го подготвив те вашиот автомобил за зимата?

Електричниот Hyundai Ioniq 6 е избран за шкотски автомобил на годината

Kia EV9 финалист во изборот за Европски автомобил на годината

Peugeot 208 Rallye

Вашиот автомобил ве шпионира!?

Потресна исповед на директорот на  Volkswagen 

Mercedes го сели производството на SUV моселот EQS од САД во Германија?