Кусо но слатко дружење со Peugeot 508– атрактивен спортски седан на Французите

Генералниот застапник за програмата на францускиот бренд за Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово, Euroimpex од Скопје, со цел подобро да нѐ запознае со својот нов модел, организираше дружење на кое покрај се забавувавме и на кусо уживавме во возењето на новиот атрактивен француски „лав„

Втората генерација на француски „адмиралски брод“ во актуелната понуда е комплетн нов автомобил, и од концепциски и од дизајнеерски и од технолошки аспект.

Тој ни ја покажува новата визија на Французите за иднината во која се движи брендот и која мора да признаеме навестува многу убави и возбудливи изненадувања.

Новата ера е во поглед на новите технолошки остварувања, автономноста, а секако тука се вбројува и одличниот сплет на моќта со елеганцијата …

Возилото досега го гледавме на салоните и преку интернет од бројните светски манифестации но сега имавме можност, благодарение на генералниот регионалн застапник и увозник на програмата на Peugeot, компанијата Еuroimpex, да го почувствуваме новиот дух и визија што ни ја нуди францускиот лав и тоа на едно повисоко ниво кон кое стреми Peugeot.

Покрај главната ѕвезда новиот 508, импортерот ја искористи оваа можнпст за да не запознае и со својот нов дилер во Битола – „365 мобиле“, каде во нов салон на Peugeot, од денес, Битолчани и заинтересираните од околината ќе можат поблиску да се запознаат со помудата на француската марка.

Претставниците на медиумите имаа на  располагање четири верзии на убавиот спортки седан, две опремени со бензински и две со дизел агрегати, со ниво на опременост Allure, GT-line и GT.

Бензинците ефикасни,  штедливи и моќни со четири цилиндри и работен волумен од 1,6- литри и PureTech технологија, што во Allure пакетот располагаше со моќ  од 180 КС, а кај  GT изведбата со  225 КС.

Дизел афреагатите од 2,0 BlueHDi семејството, во  GT-line пакетот имаше моќод 180 КС, а  кај Allure.- 160 КС.

Најмногу време минавме уживајќи во возењето на  508 GT-line кој просто ги пеглаше свиоците на плетвар, а на автопатот ксполодираше со динамика и правовремено испорачување на силата преку осум степениот автоматски менувач.

Управливоста изненади а малиот и од двете страни зарамнет кожен управувач иако на почетокот ни изгледаше помаку директе, со време ни „легна“ и беше повеќе од задоволувачки, а истото  можеме да го речеме и за одѕивот на педалот за гас, додека сопирачките покажаа дека се ефикани и дека без проблем го кротеа динамичниот спортски седан..

Елегантната спортска силуета со ниска става мораа да ја платат цената, за тие со висина од над 1,85 m, назад е тесно, особено ако напред седи исто толку висок возач или совозач.

Но вреди за да се вози оваа заводлива појава во coupe со четири врати форма…

За тие што седат напред е комфорно и удобно а спортски профилираните седиште со можност за продолжување на седечкиот дел нудат одличен комфор и подршка при брзото минување во свиоците и не замараат на пофолги патувања….

За повеќе детали, пофалби и евентуални забелешки, ќе пишуваме по тест возењето што ќе биде подолго од неколку часа, а шти веруваме ќе следува набргу….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот  Ford Focus ST Wagon жежок семеен автомобил

Porsche Cayenne S Coupe со V6 и 440 КЅ!

Претставен новиот McLaren Gt нов диктатор во лигата!

Opel Grandland X отсега ќе вози и на струја со 300 КЅ!

Citroen со ултра удобен футуристички концепт -Citroen 19_19 concept

Porsche 911 Targa (2020.) уловена на тестирање на автопат

Dacia на струја пристигнува 2021 година

VW I.D. доби име I.D.3 на финално филигранско дотерување пред лансирање!

Ford Mustang Shelby GT-S co 700+ KS