Kymco i-One

Нема сомнение дека автономијата е сè уште ограничувачки фактор кога станува збор за електричните возила, особено електричните скутери и мотоцикли.

За да го решат овој проблем, неколку производители се свртеа кон технологијата за замена на батерии, додека во исто време развиваа технологија за брзо полнење. Тајванскиот производител Kymco беше еден од првите што иновираше во сегментот на електрични мотоцикли, со возбудливи модели како RevoNEX и SuperNEX кои неколку пати се појавија на саемот EICMA.

Kymco има и своја подружница наречена Ionex, која е посветена исклучиво на EV проекти. Еден од најновите модели што ни дојде преку проектот Ionex е електричниот скутер i-One, лесен модел наменет за почетници. Kymco штотуку го лансираше овој модел на францускиот пазар, откако веќе извесно време беше во продажба во неколку азиски земји. Во однос на стилот, електричниот скутер Kymco i-One се одликува со исклучително минималистички дизајн, првенствено фокусиран на практичноста и ефикасноста.

Се напојува со мал електричен мотор со максимална моќност од 3.600 вати, што е околу 5 КС. Класифициран како мопед во Европа, i-One е ограничен на максимална брзина од 45 km/h и може да се вози со В категорија. Што се однесува до батеријата, таа има капацитет од 1.743 ват-часови и може да се вади.

Ова му дава на скутерот автономија од околу 50 километри со едно полнење на батеријата. Тука можеме да додадеме и информацијата дека оваа бројка може да се удвои, односно да се зголеми двојно досегот, со носење опционална резервна батерија сместена под седиштето. Интересно, Kymco успеа да го одржи скутерот лесен и компактен благодарение на тубестата челична рамка и алуминиумските тркала.

Тоа е и главната причина зошто скутерот  i-One на корејскиот производител тежи само 86 килограми. Другите погодности вклучуваат целосно LED осветлување и повеќе режими на возење. Скутерот е опремен со дигитален екран, кука под рачките каде што можете да го монтирате куферот, а има и USB порта за полнење на вашите уреди додека сте во движење.

Kymco i-One е прилично скап и доаѓа со цена од 3.999 евра, додека дополнителната втора батерија се продава за плус 899 евра па така цената се доближува до пет илјади европски банкноти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ducati отворен за развој на мали електрични мотоцикли

BMW ја проширува линијата R 18 со нов „крузер“

Tesla Model S најавува подолг досег со помали гуми

Suzuki го задржа GSX-S750 во својата линија за оваа 2023 година

Моќниот KTM 1290 Super Duke RR во лимитирана серија

T.50 во производство!

CFMOTO подготвен да го разбранува пазарот на електрични мотоцикли

Ducati почна со производството на Scrambler моделот

Yamaha Tenere 700 Extreme Edition