LA Renault 5 Turbo 3 рестомод- Експлозија на 400 „грла“ во класично руво

Компанијата Legende Automobiles од Калифорнија ја претстави својата визија на спортската икона Renault 5 Turbo 3 – рестомод модел…

Деновиве Legende Automobiles преку тизер фотографии ја најави „новата“, Turbo 3 верзија на Renault 5, модел што претставува сопствена визија на калифорниската компанија со која се продолжува серијата на Turbo верзијата на Renault 5 и истата пристигнува експресивен изглед и уште подинамитни перформанси.

Со оглед на се построгите регулативи за емисиите, производителите се подготвуваат да ги згаснат традиционалните жешки hatch модели со мотори на внатрешно согорување.

Но, aftermarket компаниите се упорни во намерата да ги одржат во живот и да ги вратат на сцената некои од најголемите хитови од минатото на радост на голем број поклоници на иконите на четири тркала од мотоспортот.

Тоа го прави и Legende Automobiles, кој е ново име во рестомод бизнисот и има за цел да го врати на сцената класикот од 80-тите години.

Овој Renault 5 Turbo 3 модел го задржува својот надворешен имиџ што го правеше да изгледа специјално, навистина овој Turbo 3 е модерна интерпретација на оригиналниот R5.

Се одликува со рачно изработена специјална школка која во најголем дел е од карбон и е проширена, а моделот е поставен на 16-инчни предни и 17-инчни задни тркала.

Turbo 3 на Legende Automobiles ги заменува препознатливите светлата на оригиналот со модерни LED фарови.

Атлетскиот заден дел се карактеризира со издолжен заден спојлер со финиш во црвена боја, дел од контрастни финиш што е применет и на ретровизорите и А-столбовите.

Двојниот завршеток на издувниот систем со два тркалезни „топа“ во рамки со четириаголна форма, во стилот на дизајнот на Renault, и е сместен во специјално направениот дводелен заден дифузер.

Минималистичкиот дизајнерски стил во кабината е задржан и за кај Turbo 3 рестомод, но со целосно дигитален инструмент плоча кој го заменува аналогниот кај оригиналите Turbo 1 и Turbo 2.

Портокалови акценти продолжуваат и во внатрешноста и се аплицирани на отворите за вентилација и рачките од вратите, како и на редизајнираниот двокрак управувач.

Legende Automobiles го опреми Turbo 3 со автоматски двозонски клима и ултра тенки спсортски седишта со одлична странична поддршка и тркачки ремени.

Зад нив е поставен antiroll bar поставен на горниот дел од моторниот простор каде „грми“ турбо бензинец со четири цилиндри и 400 КС.

Моќноста е значително зголемена во однос на оригиналната од 160 КС, а се пренесува на задните тркала преку модерниот секвенцијален менувач или мануелен, кој го заменува оригиналниот петстепен рачен менувач на оригиналниот модел.

Деталите околу моторот не се откриени, но станува збор за модерен погон.

Renault произведе околу 1.820 примероци на R5 Turbo 1, заедно со уште 3.167 примероци на Turbo 2, за време на шесте години колку што моделот помина на пазарот, што значи дека Legende Automobiles се обраќа лимитирана клиентела.

Но, компанијата истакна дека ги „игнорирала сите финансиски совети и воопшто не се штедела со цел да ја обезбеди најдобро можната верзија на оваа мотоспорт икона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aston Martin DB5 No Time To Die Junior

YouTuber во обид со камионет да прелета скапоцен автомобил

Како во некогашниот Top Gearu: Хеликоптер слета врз SUV на Škodа

 Yugo za 2025. godinu

Jeep Wrangler Unlimited Willys Xtreme Recon

Jeep, Ram и FIAT склучија партнерство со брендот RED да станат прв мулти бренд во автомобилската индустрија

Првите осум Bugatti Chiron Super Sport 300+ подготвени за испорака

VW подготвува off road модел Scout

Alfa Romeo GTS како замислен ривал на BNW M2