Lada Granta останува лидер во Русија

Во Русија, во мај се продадени 151.964 нови автомобили и лесни комерцијални возила, што е раст од 230 проценти во споредба со мај 2020 година (кога продажбата на автомобили во Русија беше многу мала поради мерките против вирусот корона)…

Во првите пет месеци од 2021 година на рускиот пазар се продадени 663.612 нови возила, што е за 38,7 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Најмногу автомобили продаде Lada во мај годинава (38.284 единици, плус 250 проценти), по што следат Kia со 18.818 и Hyundai со 16.261.

Најпродаван модел во мај беше Lada Granta со 12.829 примероци, следен од Lada Vesta со 10.050 и третиот Kia Rio со 6.682.

Lada Niva е на 5-то место, а воедно е и најпродаван модел во SUV / crossover со 6.169 примероци (сепак треба да се напомене дека ова е вкупната продажна верзија на Niva Legend и Niva Travel).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На еден пат во Холандија властите ги потикнуваат возачите да возат побрзо

Hyundai Casper во производство од 15 септември

Полициски дронови ловат сообраќајни прекршители во Полска

Land Rover работи на перформанс Defender

Три верзии на електричниот ID. Buzz „иконата се враќа на голема врата“

Tesla Систем на автономно возење месечината ја препознава како жолто светло на семафор

Pininfarina Batista во 128 милиони комбинации!

Обновена Lada Niva Bronto

Volkswagen Atlas Cross Sport GT Concept