Покрај тоа руската of road икона е облагородена и со порафинирана внатрешност и најава за нова генерација на легендата …
Автоваз, руски производител на автомобили кој повеќе не работи како дел од француската групација Renault, објави важна објава на тема култен модел наречен Lada Niva Legend. Имено, познатото теренско возило е подобрено и сега обезбедува подобра звучна изолација и уште неколку нови елементи. Сето тоа беше доволно за конструкторот да изјави дека споменатиот модел ќе има „ново ниво на удобност“.
Прекривката на подот (патосницата) сега е излеан од еден дел, горе се користат различни лајсни, односно околу лаците на тркалата, а се забележуваат и други нови детали кои придонеле за „зголемување на нивото на акустична удобност“ и подобрување на квалитетот на престојот на луѓето. внатре во кабината. Звучната изолација е надградена, особено во моторниот простор, во сите модификации и нивоа на опрема што ги нуди Niva.
Облогите околулаците над тркалата на Lada Niva Legenda сега се направени од брусен материјал што придонесува за намалување на нивото на бучава на патиштата со чакал. Покрај тоа благодарение на употребата на истиот, подобра е заштитата накаросеријата од камења и други „непријатели на лакот од каросеијата“. Модернизирани се и навлаките на праговите.
Nivа веќе е изложена на различни видови тестирања, како во лабораторија, така и во реални услови на експлоатација. Нивоата на бучава и вибрации се мереле кога моторот бил во празен òд, но и кога педалата за гас била во положбата, која популарно се нарекува „до подот“. Беа одржани испитувања на различни видови асфалт, мазен и помалку поsakuvaн, рапав – груб. Каков тест ќе беше Niva ако не беше спроведен, барем делумно, на непристоен терен, вклучително и водени пречки и предизвици.
Дека производителот работи на дополнително подобрување на Niva, стана јасно минатиот месец кога локалните медиуми објавија дека Niva Legend е предмет на ажурирање. Упатените тврдат дека проектот наречен Nivа-3 се уште е во многу рана фаза на развој и не се знае, односно не е утврдено какви ќе бидат димензиите на идниот теренец. Во исто време, според долгорочниот бизнис план, двете варијанти на Niva, и Legend и Travel, треба да бидат заменети со нови автомобили по 2030 година.
Блиската иднина треба да ни го донесе моделот Niva Legend со освежен опсег на мотори. Теренецот ќе добие 1,6-литарски мотор, а модификацијата Sport има корист од погонската единица со 122 коњски сили и 16 вентили (4 по цилиндар). Најверојатно е да се вгради атмосферски бензински четирицилиндарец со работен волумен од 1,8 литри. Тоа се очекува да се случи веќе во 2024 година.