Lada Niva Legend 50th Anniversary Limited Edition

Минатата година, германската компанија Partizan Motors, основана од Јуриј Пошников (Yuri Postnikow) најави специјално Niva Legend 50th Anniversary Limited Edition, по повод 50 -годишнината од фабриката на Волга…

Во меѓувреме, проектот беше реализиран, бидејќи тим специјалисти во Магдебург, Германија, го монтираа првиот од 50 планирани примероци од оваа Nivа.

Едeн примерок од Niva Legend 50th Anniversary Limited Edition во Германија чини 19,990 евра, при што се потенцира зголеменото растојание од подлогата (клиренс), нови 16-инчни алуминиумски бандажи, гуми BF Goodrich 215/65 R16, заштита на калниците, нови прагови и заштитни лајсни, изменети браници, шини на покрив, предни светла на германската компанија Nolden, snorkel (туба за возење низ водени пречки), значки за специјалното издание, како и седишта со црна синтетичка кожа и црвени шевови.

Моторот е познатиот бензински, со четири цилиндри, со работен волумен од 1,7-литри, со моќ од 83КС, поврзан со пет-брзински мануелен менувач и погон на сите четири тркала (4х4).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КIA EV6 на први тест возења

„Фатен во зум“ – новиот Ford Ranger

Volkswagen на ID. Buzz автономно амбулантно возили

Наскоро и Toyota Frontlander

Tesla Model 3 подобар од Audi A4, BMW Series 3 и Mercedes C/CLA во Германија

Stellantis со тизери најави пет концепти за престојната SEMA

Новиот Peugeot 3008 во SUV -coupe стил

Во еден салон на KIA може да купите бројни супер автомобили

Во пламен исчезна камион со 10 Corvette C8