Lada Niva со нова монструозна верзија- VIS-23461

Компанијата VIS Auto од градот Тољатиј, во Русија, специјализирана за производство на патнички и товарни верзии на моделите на Lada, неодамна разви ново теренско возило …

Врз база на легендарното теренско возило Lada 4×4 ( кај нас попозната како Lada Niva) е создаден pick – up со двојна кабина.

Како што јавуваат специјализираните медиуми во регионот, главната модификација се однесува на огромните тркала со надворешен дијаметар од дури 1220 mm, „обуени” во пневматици со низок профил.

Таквите тркала овозможуваат големо ниво на проодност на тешки терени но и на простор ад тракцијата е полоша, како што се мочуриштата и  каливи пространства.

Кога станува збор за погонската единица тоа е добро познатиот бензински агрегат што се вградува и во обичната Lada Niva: односно атмосферски бензинец, со четири цилиндри и со работен волумен од 1,7-литри, што испорачува моќ од 83 KС.

Моторот доаѓа во комбинација со пет степен мануелен менувач на брзини што силата ја пренесува на сите четири тркала.

Овој работник од Русија  се произведува само по  нарачка што значи дека е исклучена секаква можност за големи серии.

Исто така од производителот се уште ја немаат дефинирано ниту цената за оваа практична изведба на овој познат теренец на пазарите во развој, каков што е и нашиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

PSA групацијата донира над 400.000 маски и друга медицинска опрема на болници во Европа

Polestar Percept нови детали и фотки – можна најава за електричниот SUV Polestar 3

Jaguar Land Rover против корона вирусот

Видео Црвено Ferrari што ви го одзема здивот и негова заштита од гребници

Фудбалерите на Баерн не го фаворизираат Audi, клубот со драстични казни

Составете си тркачка Toyota дома – во стилот седи дома

Место автомобили Seat произведува вентилатори за респиратори, а Lamborghin заштитни маски и визири

Лекарите бараат лимитирање на брзината во градовите на 30 км/ч

Видео: Mazda 100th Anniversary Special Edition