Производството на Niva Sport ќе започне следната година во погоните на Ladа Sport, а се планира и помала серија (засега не се знае по која цена).
Накратко, Niva Sport доби LED светла за магла, шнорхел, странични прагови, продолжетоци на лакот на тркалата, теренски гуми Cordiant Off-Road 205/70 R16 и довод на воздух на хаубата, додека предните браници се опремени со плочи со натписот Powered by Lada Sport.
Внатре има седишта со подобра странична потпора, модернизиран централен тунел, нов волан, делови обложени со кожа и со црвени шевови…
Ќе се нудат четири мотори: 1,6 16v со 106 КС и 1,8 16v со 122 КС, како и 1,6 8v со 90 КС и 1,7 8v со 83 КС (сите со 5-брзински мануелен менувач).
Конечно, возилото доби изменета суспензија и подобрени сопирачки.