Lamborghibi Squadra Corse најавува нов модел

Минатата година, Squadra Corsa, тркачката дивизија на Lamborghini,  го претстави SC20, со дизајн по мерка speedster, со 6,5-литарски V12, што може да се најде под хаубата на Avendator SVJ Roadster…

Тркачкиот супер автомобил е способен да произведе 770 КС (566 kW) и 719 Nm вртежен момент, а сега тркачката дивизија на Lamborghini работи на својата следна креација.

Иако деталите за новиот мистериозен проект „Squadre Corsa“ сè уште се тајна, краткото видео објавување сугерира дека станува збор за  track-only  верзија на „Huracan Evo“.

Како што пренесуваат специјализираните портали од Lamborghini ветуваат дека неговиот „најнов мотоспорт автомобил ќе понуди невидено искуство“.

Во задниот дел доминира огромен спојлер и дифузер, а на покривот се гледа отвор што го оптимизира протокот на воздух. Предните и задните светла се редизајнирани, а видеото ни овозможува да го слушнеме звукот и на атмосферскиот V10 мотор.

Со оглед на тоа што Squadra Corse веќе работеше на за јавни патишта хомологиран Huracan STO, не очекуваме оваа верзија да биде легална за јавен соообраќај.

Наместо тоа, ова е најверојатно новиот тркачки автомобил на Lamborghini, но останува нејасно во која класа ќе се натпреварува.

Во моментов, Squadra Corse се натпреварува со Huracan на меѓународни трки во класата GT3 и серијата Super Trofeo.

Покрај тоа, треба да се напомене дека Lambirghini неодамна го прослави производството на 400-от Huracan GT3, така што овој мистериозен проект може да претставува пресвртница.

Доколку новиот тркачки Huracan не е ограничен со прописите на мотоспорт натпреварувањата, тој треба да произведе значително повеќе коњски сили од патната верзија на Huracan Evo, кој испорачува 640 КС (471 kW) и 600 Nm вртежен момент.

Нема да чекаме долго за сите информации за проектот Squadre Corsa, со оглед на тоа што Lamborghini вети дека новиот супер автомобил наскоро ќе се „трка“ на патеките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Seat Leon доби нов TSI мотор со 190 КС

MY AMI CARGO: УНИКАТНО И ПАМЕТНО ЕЛЕКТРИЧНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ

Конечно пристигна четвртата генерација на Škoda Fabia

Наскоро мал SUV на Fiat

Новата генерација на Suzuki Swift Sport пристига 2023

Aiways U6

Новите Jaguar F-Pace и Jaguar E-Pace стасаа на нашиот пазар

Најавен нов Volkswagen Multivan

BMW Series 2 Coupe веќе летово, а М дури на почеток на 2023 година