Lamborghini го претстави Essenza SCV12

Италијанската компанија Lamborghini  го претстави моделот Essenza SCV12 нивниот најмоќен автомобил намеснет за тркачки патеки и ќе биде лимитиран во ссмо 40 примероци…

Lamborghini  го претстави својот нов тркачки модел Essenza SCV што воодушевува со својот агресивен изглед, а особено се истакнува предниот карбон сплитер и стилските LED светла со карактеристичната октагонална форма што ја нагласува експлозивноста на SCV12 .

Моделот фасцинира со  големи отвори за вентилација на покривот, а меѓу останатите карактеристични работи тука се и предните вентилирачки крила, масивниот спојлер и перките кои се наоѓаат зад задните тркала.

Во Lamborghini се истакнува дека кога станува збор за ограничената сезија на овој автомобил наменет за тркачките патеки  таа ќе брои само 40 примероци.

Lamborghini SCV12 е поставен на целосно нова карбонска шасија која овозможува подобар power-to-weight сооднос, како и најдобро управување и возачко искуство на тркачките патеки.

Агресивниот стајлинг исто така му овозможува на моделот да произведе аеродинамички притисок поголем од GT3 автомобил.

Имено нивото на потисната силна- downforce е поголемо отколку кај автомобил ГТ3, со вредност од 2.756 фунти (1.200 кг) на 155 милји на час (250 км/ч).

Веќе рековме дака втомобилот се напојува со V12 атмосферски мотор кој испорачува 830/ 619 КС/kW, а  односот  сила/маса според наводите од Lamborghini изнесува 1KS / 2кг  што значи дека тежината на „болидот”  изнесува нешто повеќе од 1600 кг.

Истиот е поврзан со шест степен секвенцијален менувач кој ја испраќа моќноста на задните тркала.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kia го покажа новиот дизајн за Stinger

Повторно „уловен” новиот VW Golf R

Toyota RAV4 Hybrid Black Edition-Полноќно црна!

Време e за електрична енергија: Новиот Opel Vivaro-e во продажба во Германија со цена од 26.650 евра со еколошки бонус

Lyriq -првиот електричен модел на Cadillac го напаѓа Tesla на домашна почва!  

Delage D12

Plug-in hybrid BMW 545e

Kia Sonet и официјално

McLaren GT Novitec супериорност крената на повисоко рамниште !