Lamborghini Huracan Sterrato

Од Lamborghini официјално објавија дека ќе направи сериска верзија на концептот Huracan Sterato кој на автомобилското небо се појави пред нешто повеќе од три години…

Производството на Huracan Sterrato (името се уште не е конечно), кое воедно ќе биде и последната еволуција на Huracan, ќе пристигне пред крајот на тековната 2022 година.

А, дотогаш, еве тизер (најавни) слики кои го откриваат овој прв теренски Huracan.

Иако автомобилот е сè уште под обвивка, се чини дека не е многу променет откако студијата за ова возило беше претставена во јуни 2019 година.

Тоа значи дека очекуваме подигнат Huracan (+ 47 mm), со две дополнителни предни светла, проширени калници, пошироки траги на тркалата, заштитни елементи, шини на покривот, нови тркала од 20 инчи и модифицирана суспензија.

Најверојатно ќе го придвижува 5,2-литарски V10 мотор (концептот имаше на располагање 640 КС), со погон на четири тркала, како и систем за управување со четири тркала.

Испораките би можеле да започнат на почетокот на претстојната 2023 година, но цената засега е непозната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley Dezervator со лифт го искачувате автомобилот на кат во гаражата до станот

Porsche Vision Gran Turismo Spyder

Која автомобил најчесто се појавува во филмовите

Hennessey Venom F5 Roadster

Lucid Air Sapphire

Електричниот Zeekr 001постави нов рекорд во дрифт за EV

Aston Martin V12 Vantage Roadster

Британец бил сопственик на дури 55 автомобили на FIAT

Czinger 21C V Max