Lamborghini ја разгледува можноста да го „оживее“легендарниот теренец LM002

Љубителите на Lamborghini се свесни дека Urus не е вистински SUV од  Санта Агата Болонезе, поточно тие знаат дека Lamborghini помеѓу 1986 и 1993 година произведувал теренец – моделот LM002, што поради својот робустен лик бил наречен Rambo – Lambo

Во основа тој автомобил бил многу сличен на американскиот Hummer, a неговата посебност и вкупно производство од само 328 примероци му обезбедија легендарен статус.

Деновиве, од MotorTrend, пишуваат дека Rambo Lambo би можел да се врати на пазарот и во понудата на Lamborghini да му се приклучи на Urus, кој, сепак, пред се е возило за асфалтни патеки.

Истиот извор ги пренесува зборовите на шефот на Lamborghini – Стефан Доминикали , кој признава дека во Компанијата ја разгледуваат можноста за развој и за лансирање на робустен SUV во духот на легендарниот модел  LM002.

Интересот помеѓу потенцијалните купувачи за таков тип на автомобил, наводно, е многу голем и Италијанците не се сомневаат дека продажбата би се движела во високи бројки за марка каква е Lamborghini.

Доменикали неодамна изјавил дека се разгледува и можноста на лансирање на grand tourer со 2+2 конфигурација на седишта.

Со други зборови речено, наследникот на моделот LM002 би можел да биде четвртиот, или, петтиот модел во понудата на брендот со разгневен бик во логото, во зависност од одлуката што раководството на овој производител ќе ја донесе во врска со ова прашање , односно кој или кои модели ќе влезат во производство.

Доменикали рекол пред лансирањето на четвртиот модел би сакал Lamborghini да ја достигне бројката од околу 8.000 продадени примероци.

Последната, 2018 година е завршена со рекордна продажба од 5.750 испорачани возила,што претставува пораст од 51%, во однос на годината пред тоа (2017) кога се продадени 3.815 единици.

Инаку, аналитичарите прогнозираат продажбата на моделите на Lamborghini и понатаму да продолжи да расте , па затоа и најавената бројка од 8.000 продадени автомобили воопшто не изгледа нереална.

Со оглед на сите овие и слични информации што циркулираат на специјализираните портали, четвртата, а можеби и петата креација на производителот на супер спортски модели од Санта Агата Болонезе имаат големи шанси да влезат во производство и набргу да се најдат на автомобилскиот пазар.

Додека овие најавени новитети (едниот, или пак и двата) не стасаат на пазарите, купувачите на автомобилите од понудата на Lamborghini ќе мораат да бидат задоволни со понудата што е составена од тројката: Huracan, Aventador и Urus.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan GT-R Nismo 2020 со деби на Њујорк 2019!

Apollo Intensa Emozione подготвена за производство

Светски автомобил на годината 2019 и hat trick за Jaguar I-Pace!

Наследникот на Lamborghini Aventador  со хибриден погон

Од производната лента се симна милионитиот VW Sharan

Поостарите возила од вчера за влез во центар на Лондон плаќаат 12,5 фунти

Новиот Mini со 300 КС во лимитирана серија

Кристoф Гујон голем мајстор за изведби на автомобили во сооднос од 1/4

Во игра е и Bigatti SUV и лимузина!