Lamborghini му дозволува на Amazon Alexа да управува со негови автомобили

За време на салонот за потрошувачка електроника, СЕЅ, деновиве, во Лас Вегас Lamborghini откри дека Huracan EVO е првиот автомобил што дозволува на  Amazon Alexа да управува со системите на возилото…

Некои други производители го интегрирале Alexа, но само за контролирање на системите што се наоѓаат во сloud (облакот).

Во случајот на Huracan EVO, возачот преку гласовни команди може да управува со климатизацијата во кабината, со светлата во кабината, греењето на седиштата, па дури и со режимите на возење со помош на Alexа.

Покрај тоа системот ќе ги нуди истите услуги базирани на cloud-от како и другите производители.

Тука се вбројуваат и телефонските повици, навигација, пуштање на музика, како и метеоролошка прогноза и вести преку гласовни команди.

Ако сето тука наброено не е доволно, Alexa ќе работи и со многу уреди.

Сопствениците на Lamborghini Huracan EVO ќе имаат контрола врз термостатите во своите домови, врз влезните порти, и врз светлата во нивните домови.

Како ќе се шири системот Alexa, така и Lamborghini ќе го следи, а тоа, пак, значидека информативно забавниот систем на автомобилот ќе биде компатабилен  со идните update синхронизирање на Alexa.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

KIA со помош на Rimac подготвува електричен автомобил

VW со супер брзи полначи за EV за кои не е потребна посебна инфраструктура

Lexus EЅ со камери наместо ретровизори

Automechanika Франкфурт и APRA Europe промовираат нов одржлив тренд- префабрикување!

Porsche Cayman GT4 и Boxster Spyder наскоро  со автоматски менуач!

Зошто ЕУ става акцент на алтернативните видови на горива

Новиот VW Passat пристигнува 2021 или 2022 и тоа на струја!

Volvo и  Varjo  со прва употреба на мешана реалност за развој на автомобили !

Тивко влечење: Opel Grandland X со електричен погон на сите тркала