Lamborghini на “ниет“ за влез во нова hyper класа на Le Mans!

Престојната хипер-автомобилска класа, што ќе го замени LMP1 на World Endurance Championship и Le Mans 24 Hours од 2020 година, ветува дека ќе го подмлади мото спортот…

Производителитена супер перформанс автомобили како Aston Martin,  Scuderia Cameron Glickenhaus, но и автомобилскиот џин Toyota, веќе го потврдија своето учество во новиот серијал, а сега и Lamborghini навестува дека можеби ќе им се приклучи.

Стефано Доменикали, шефот на Lamborghini, во интервју на годинешниот  Goodwood Festival of Speed, изјави дека италијанскиот производител на автомобили ги проучува потенцијалните шанси за слава на Le Mans.

„Има дискусии и ние се трудиме да ја разбереме регулативата за да видиме дали ни е од интерес. Нема што да се каже сè додека не се заврши проценката и во тој момент одговорот може да биде да или не. Засега, можно е “, откри Доменикали.

 

Доменикали вели дека компанијата нема буџет за да развие целосно нов, ограничен хиперавтомобил кој ќе ги исполни барањата на хомологацијата за новата класа, но SC18 покажува дека има основа што би можело да биде интересен пристап.

Тој додаде дека автомобилот покажува дека има капацитет за да прерасне во еден ваков проект.

Според прописите и регулативите за хиперавтомобил, производителите мора да се натпреваруваат со возило засновано на патнички автомобил, од кој се градат најмалку 20 улично-легални модели во период од две години, при што  мора да имаат максимална тежина од 1100 kg и и моќност од 738 KS.

Исто така, хибридните системи не се задолжителни, но можат да се користат со ограничена моќност на 268 KS.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кралот на Дакар ја нанижа и 14-та титула во најтешкото рели на светот

Петерхансел јуриша кон нова круна на Дакар рели!

И официјално F1 сезоната стартува од Бахраин

Дакар Рели 2021 – Петерхансел и натаму на чело

Петтата етапа на Дакар Рели 2021 полна изненадувања

Ал- Атијах, Лопез и Сотников доминираат на третиот ден на Дакар Рели 2021

Карлос Сајнц во водство на Дакар Рели 2021- Етапна победа за дама

Големата награда на Австралија се поместува, F1 сезоната стартува од Бахреин

Почна Dakar Rally 2021